Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕЛЕМ: „Трансмет“ се откажа од договорот за РЕК „Битола“
Економија

ЕЛЕМ: „Трансмет“ се откажа од договорот за РЕК „Битола“

февруари 2, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

АД ЕЛЕМ информира дека фирмата „Трансмет“ на Сеад Кочан се откажа од договорот за ископ на јаглен во РЕК „Битола“ и се повлече од претходно добиениот тендер поради неможност да ги исполни обврските за ископ според утврдената динамика.

„Од денеска договорот со ‘Трансмет’ е раскинат и АД ЕЛЕМ ќе ги преземе сите правни дејства што му стојат на располагање во согласност со договорот и законите за да ја намали штетата што му е причинета од несовесното работење на наведеното правно лице, а со тоа да ја намали и штета врз јавниот интерес, сега, но и во иднина“, соопшти ЕЛЕМ.

Од таму наведуваат дека ќе ја наплатат банкарската гаранција од 300 илјади евра, која има право да ја активира по неколку основи од договорот, што „Трансмет“ ги прекршил.

„АД ЕЛЕМ ќе испрати известување до Бирото за јавни набавки за активирање на банкарската гаранција, по што следува издавање негативна референца од страна на Бирото за конкретното правно лице, со што ова правно лице ќе биде спречено да учествува на државни тендери во траење од една година и ќе биде оневозможено да нанесе евентуална штета врз други државни фирми и институции“, се вели во соопштението.

За поцелосно информирање на јавноста, велат од ЕЛЕМ, сакаме да наведеме дека во изминатите три месеци од кога беше склучен договорот, правното лице „Трансмет“ не ги испорача договорените количини јаглен за ниту еден месец ниту ги надомести во следниот месец, како што дополнително се обврза. Исто така, во вториот и третиот месец испорачуваше јаглен со недоволна калориска вредност.

Подолг период имало и застој во работата поради штрајк на работниците на „Трансмет“, кои во последните 20 дена целосно го запреа ископот.

„Со оглед на тоа што овој договор е веќе раскинат, АД ЕЛЕМ ѝ понуди на фирмата што беше второрангирана на тендерот да склучи договор и да го преземе ископот на јаглен, што од нивна страна беше одбиено. Поради тоа, АД ЕЛЕМ ќе распише нов тендер за избор на надворешна фирма за ископ на јаглен во РЕК „Битола“, односно во рудникот „Брод-Гнеотино“.

Во меѓувреме додека да се реализира новиот тендер, ископот на јаглен ќе се покрие преку т.н. итна постапка, односно ќе бидат повикани неколку фирми што имаат работено на ископ и транспорт на јаглен и јаловина, од кои ќе се избере најповолна понуда и ќе се склучи спогодба за привремено вршење ископ во следните три месеци, односно до конечниот избор на фирма за ископ, преку тендер и е-аукција“, велат од ЕЛЕМ.

Од таму потенцираат дека раководството на АД ЕЛЕМ успева да ја менаџира новонастаната негативна ситуација во насока да одговори на потребите за електрична енергија и обезбедување енергетска стабилност на системот.

битола ЕЛЕМ рудник Трансмет транспорт
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Пет нови лета до Виена, Краков, Вроцлав, но и до Сицилија и Сардинија

мај 21, 2026

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“:„’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

мај 14, 2026

Потрошувачката на бензини пораснала за над 8 проценти, дизелот и натаму најкористено гориво во земјава

мај 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.