Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ерјавец: Словенија дава безрезервна поддршка за Македонија
Македонија

Ерјавец: Словенија дава безрезервна поддршка за Македонија

јануари 21, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Словенија го прифати Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, што треба да биде ратификуван од сите земји-членки на Алијансата, пред Македонија и официјално да стане 30. членка. Протоколот без проблем е прифатен од сите земји-членки, а сега се чека Договорот од Преспа да биде ратификуван во грчкиот Парламент, по што ќе настапи и процесот на ратификација на Протоколот во земјите-членки, а Грција е првата држава која најави дека ќе го стори тоа.

Во посета на Македонија денеска престојува словеченкиот министер за одбрана, Карл Ерјавец, кој ја пренесе безрезервната поддршка на Словенија за членството на Македонија во НАТО и во ЕУ.

На заедничката прес-конференција со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, нагласи дека пред оваа функција тој седум години бил во словенечкото Министерство за надворешни работи и додаде дека е свесен колкава желба и волја се потребни за да се оди по патот на евроатлантските интеграции.

Словенија оваа година одбележува15 години од членството во НАТО, а Ерјавец се потсети дека и неговата земја морала да прави компромиси, како тој со Италија за да стане полноправна членка.

„Многу добро знам во каква положба е Македонија и што се мора да направи за да влезе во ЕУ и да стане членка на НАТО сојузот. Република Словенија веќе даде согласност за претпристапниот протокол, истакна Ерјавец и изрази оптимизам дека и грчката страна ќе го исполни својот дел од Договорот.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека според проценките на Владата недели ја делат Македонија од можноста да седне заедно на иста маса со сојузниците.

„Треба да ги почитуваме процедурите и во Грција, но и во НАТО. За земјите-членки меѓу кои и Словенија да го потпишат протоколот за пристапување потребно е Преспанскиот договор да биде целосно ратификуван и очекуваме оваа недела грчкиот Парламент да го исполни својот дел од обврските. Во моментот кога Преспанскиот договор ќе биде целосно ратификуван и од страна на Македонија и од страна на Грција очекуваме сите 29 земји-членки релативно во кус и ефикасен период да го потпишат протоколот за пристапување по што Грција ќе може да го ратификува. Грција не може да го ратификува протоколот, ако тој е не е потпишан или ако не е подготвен од страна на НАТО. Добро е што во процедурата на изготување на протоколот ниту една земја членка на НАТО немаше ниту едно отворено прашање и практично тој беше одобрен низ една процедура на молчење, нагласи Шекеринска.

Нагласи дека Македонија е горда на своето постигнување и додаде дека Владата за неполни две години успеала да ја нормализира државата, да ги врати на сила основните демократски правила и узанси, да спроведе важни реформи и во делот на одбраната, ја врати слободата на медиумите.

„Како Словенија и вие имате право да бидете горди на овој наш успех, бидејќи успехот на нашата држава на планот на членството во НАТО и ЕУ има силна словенечка боја, рече Шекеринска.

Потсети дека словенечката Амбасада е контакт Амбасада на Македонија за НАТО, а шефот на НАТО канцеларијата за врски е словенечки офицер и додаде дека Словенија е сериозна држава и таа својата поддршка не ја дава бланко.

Соработката меѓу двете армии се развива повеќе години, одржувани се заеднички воени вежби, а прв пат дополнително оваа година припадници на АРМ ќе имаат можност да се школуваат на НАТО серитифицираниот курс во организација на школата за операции земја-водух во рамките на словенечките вооружени сили. Кон средината на минатата година е обновен Меморандумот за разбирање во делот на користење на армиските полигони во двете земји.

актуелно македонија поддршка словенија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.