Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕУ одобри 72,3 милиони евра за поддршка на Македонија
Економија

ЕУ одобри 72,3 милиони евра за поддршка на Македонија

декември 18, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ЕУ додели 72,3 милиони евра помош на Република Македонија за поддршка на демократијата и владеењето и зајакнување на економскиот развој и раст на земјата, соопштија од Делегација на ЕУ во Скопје.

Станува збор за  две програми финансирани од ЕУ. Европската комисија на 29 ноември годинава усвои Програма за активности за Република Македонија за 2017 година. Во исто време, финансискиот договор помеѓу ЕУ и Владата на Македонија за имплементација на годишната ИПА програма за 2016 беше потпишан на 30 ноември.

Клучни приоритети остануваат контролата на границите и миграциската политика, како и поефикасна борба против тероризмот и организираниот криминал. Посебно внимание ќе биде посветено на превенцијата од радикализам и насилен екстремизам. ЕУ подеднакво ќе ја поддржи и ќе ја поттикне реформата на јавната администрација, особено во делот на унапредување на транспарентноста и борбата против корупцијата, како и развој на електронски услуги за граѓаните чија цел е заштеда на времето, напорите и парите на граѓаните.

Овие нови средства од ЕУ наменети за компании, за советодавна поддршка и е-услуги за бизнис секторот се очекува да ги подобрат перформансите на приватниот сектор и да ги направат подинамични компаниите заради создавање повеќе и подобри нови работни места, како и подобрување на економскиот профил на земјата. Во исто време, планираните инвестиции во образовниот систем кои одат паралелно со иновативните мерки на пазарот на трудот ќе ја намалат разликата помеѓу понудата и побарувачката на трудот и ќе придонесат за намалување на невработеноста во државата. Подобрениот квалитет на едукативниот процес и на социјалните услуги ќе ги поддржат младите луѓе во земјата, како и најранливите категории граѓани преку креирање на перспективи за социјален и професионален развој.

„Овие фондови покажуваат колку сериозно ја гледаме иднината на земјата во ЕУ. Тоа е причината зошто инвестираме сега во унапредување на сите нејзини системи и нивно доведување до нивото на ЕУ-стандардите, не затоа што тоа го бара ЕУ, туку заради бенефит на секој еден граѓанин. Изгубеното време треба да се надокнади преку посилна посветеност на Владата и на администрацијата на реформите кои се спроведуваат и преку посилна инволвираност на луѓето во реформите. Одговорност е на секој еден колку далеку земјата ќе стигне, изјави евроамбасадорот Жбогар по повод објавата на доделувањето нови средства за Македонија од страна на ЕУ.

Од 2007 година досега земјата има добиено преку една милијарда евра од ЕУ-фондовите за поддршка на клучните реформи и инфраструктурата. Дополнителни 250 милиони евра ќе бидат алоцирани за земјата до 2020 година. Ова финансирање ќе помогне за модернизација на земјата и ќе донесе конкретна корист за граѓаните во сите сфери на животот.

актуелно Влада на РМ ЕУ ИПА Комисија македонија стандарди
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.