Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » За избор на претседател в недела треба да гласаат најмалку 723.253 граѓани
Македонија

За избор на претседател в недела треба да гласаат најмалку 723.253 граѓани

мај 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во недела на 5 мај ќе се одржи вториот круг од претседателските избори.

Право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу двајцата кандидати Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски, кои во првиот круг добија најголем број гласови, но не и потребното мнозинство од 904.066 гласови за тогаш да биде избран претседател на републиката.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето, во случајов на 5 мај.

За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи, што е предвидено со член 121, став 3 од Изборниот законик.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка.

Излезноста во првиот круг од претседателските избори од околу 42 отсто во првиот круг, само ги засилија уште повеќе стравувањата дека во вториот круг в недела може да не биде остварен цензус или излезност на граѓаните од 40 отсто.

Се провлекуваат неколку мислења во јавноста дека доколку се случи тоа можно е или да се распишат нови избори, да се смени Уставот за намалување цензус, или за избор на претседател во Собранието.

До изборот на нов претседател, функцијата ќе ја извршува претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според уставните експерти, во случај на немање цензус ќе мора да се распишат нови избори и тоа во рок од 40 дена.

Тие сметат дека по завршување на претседателскиот мандат Ѓорге Иванов никако не може да ја продолжи функцијата.

„Тоа може да се случи само доколку има војна или вонредна состојба во државата, а тоа е сложена постапка за која е потребно двотретинско мнозинство. Затоа граѓаните треба да бидат одговорни за да се обезбеди изборниот цензус што не е толку недостижен“, вели во изјава за МИА поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски.

Според поранешниот претседател на Уставниот суд, неопходно е од кој било аспект, од уставно-правен, политички или од граѓански аспект, да се постигне цензусот и да се изврши избор на претседател на Републиката.

„Бидејќи првиот круг не ги даде очекуваните резултати, сега е неопходно на последното гласање да се постигне изборниот цензус, што изнесува 40 отсто од вкупниот број на избирачите. Доколку се дојде до најнепосакуваното, односно да не се обезбеди цензусот, тоа значи дека изборите се неуспешни и претседателот на Собранието веднаш треба да распише нови избори што треба да бидат спроведени во рок од 40 дена од моментот на распишувањето“, вели Ивановски.

Со други зборови, како што додава, тие рокови се пократки и уставно се утврдени кога од кој било основ на претседателот му престанува мандатот.

„Тогаш се оди на избори што мора да се спроведат во рок од 40 дена.  Доколку дојде до таква опција, тоа е многу скапо. Тоа значи арчење на народните пари, тоа значи покрај тие девет и овие девет милиони евра од овој напатен народ што значи една голема трагедија. Тоа предизвикува и политичка криза, се разбира“, истакнува Ивановски.

Според него, најдобро е да се изврши изборот на претседател.

„Друго решение е да се оди на повторен избор, а трето иако тоа не е решение е да дојде до промена на Уставот каде што ќе се предвиди евентуално избор на претседателот во Собранието. Но, тоа подразбира промена на Уставот, тоа подразбира една постапка дека прво треба да се одреди потребата од промена на Уставот, па потоа да се оди на одлука за нацрт-амандман, па определување оваа одлука да се донесе, што значи еден подолг период на траење на оваа криза, што е апсолутно
неприфатливо“, додава Ивановски.

За да не дојде до неисполнување на цензусот, во кампањата и кандидатите и партиските лидери ги повика граѓаните да излезат да гласаат.

На масовна излезност повика и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Тој додаде дека не биде постигнат цензус од 40 отсто на 12 мај тој ќе треба да ја преземе функцијата претседател на републиката.

Во врска со распишувањето на повторените избори тој не се повикува на Уставот, туку на Изборниот законик, цитирајќи дека „од денот на распишувањето на изборите до денот на одржувањето на изборите не може да помине повеќе од 90 дена, ниту помалку од 70 дена.

Претседателот на републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години.

За претседател на републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати.

Претседателот мора да биде државјанин на Република Македонија.

За претседател на републиката може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот.

За претседател не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител
на Република Северна Македонија најмалку десет години во последните 15 години.

Изборот за претседател на републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател.

723.253 граѓани актуелно избори цензус
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.