Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев-Галовеј: Членството во НАТО отвора економски придобивки
Македонија

Заев-Галовеј: Членството во НАТО отвора економски придобивки

февруари 7, 2019Updated:февруари 7, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Интеграцијата на Република Македонија во НАТО е голема победа за државата бидејќи отвора перспективи за видливи економски придобивки. Обединетото Кралство  планира во скоро време да ги почне процедурите за ратификација на Протоколот за членство на Република Македонија во НАТО.

Ова го истакнала Рејчел Галовеј, амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, на денешната средба со премиерот Зоран Заев на која му го честиташе потпишувањето на Протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО.

Како што соопшти владината прес-служба, таа исто така, ја охрабрила земјата  да продолжи со фокусот на реформскиот процес, што носи резултати за квалитетот на живот на граѓаните.

Премиерот Заев истакнал дека е во тек заокружувањето на безбедносните реформи, дека до крајот на февруари се очекува во Парламентот да бидат изгласани со консензус измените на законите што се однесуваат на реформите во правосудниот систем, дека се во тек реформите за професионализација на јавната администрација, како и за избор на нови, политички независни членови на Антикорупциската комисија.

„Членството на НАТО за нашата држава значи траен внатрешен мир и придонес кон мир на Балканот, како и шанса за економски развој, тоа што граѓаните со години го очекуваат. Изразен е интерес од повеќе странски инвеститори за влез во државава, по отворените атлантски перспективи. Охрабрени сме од високите претставници од ЕУ дека ако покажеме имплементација на суштинските реформи, реални се очекувањата нашата земја да добие во јуни и датум за почеток на преговорите со ЕУ. Тоа е мотивација и за институциите, да покажат резултати. И мојата определба е, како Влада, да останеме фокусирани кон овие цели. Очекувам скорешни, поголеми резултати на економски план за граѓаните, рекол премиерот Заев.

На состанокот станало збор дека Балканот останува во фокусот на Обединетото Кралство и дека дипломатскиот успех на Република Македонија е пример за придонес во стабилноста и безбедноста, во регионот и во пошироки рамки. При тоа, изразена била заедничка согласност дека постојат големи отворени можности за продлабочување на соработката со Обединетото Кралство и во делот на трговијата и економијата, стои во соопштението.

актуелно галовеј Заев НАТО поддршка членство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.