Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Голема поддршка е што Словенија е точка за контакт со НАТО во фаза на ратификација на Протоколот
Македонија

Заев: Голема поддршка е што Словенија е точка за контакт со НАТО во фаза на ратификација на Протоколот

јануари 21, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска прими делегација на Министерството за одбрана на Република Словенија, предводена од министерот Карл Ерјавец.

На средбата, на која присуствуваа и заменик претседателката во Владата на РМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, националниот координатор за НАТО на нашата земја Стево Пендаровски, како и други членови на Кабинетот на Претседателот на Владата, премиерот Заев ѝ посака срдечно добредојде на словенечката делегација и изрази големо задоволство што Амбасадата на Република Словенија е именувана од страна на НАТО за точка за контакт во претстојниот финален процес на зачленувањето на Република Македонија во Алијансата, во периодот кога земјите членки на НАТО ќе ја започнат постапката за ратификација на Протоколот за пристапување на нашата земја во сојузот.

„Ова е особено радосна вест за нашата земја бидејќи покрај нас, во фазата кога земјите членки на НАТО ќе пристапат кон потпишување на протоколот на пристапување на Република Македонија во алијансата, покрај нас ќе имаме докажан пријател и партнер. Република Македонија и Република Словенија има традиционално одлични односи, со постојана взаемна поддршка и соработка. Словенија таа своја определба ја докажа и со поддршката за нашата земја, за нашите аспирации за членство во ЕУ и НАТО, и за време на целиот тој процес ни ја даваше и ни дава безрезервна поддршка“, истакна на средбата претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев.

Тој потоа го запозна словенечкиот министер за одбрана Ерјавец, како и другите членови на неговата делегација, за актуелната ситуација со спроведувањето на Договорот од Преспа во Република Македонија и во Грција и нагласи дека очекува успешна завршница во грчкиот парламент, после што ќе следува постапката за прием на нашата земја во НАТО, како и создавање на поволен амбиент за потврдување на договорениот старт на преговорите со ЕУ со отворање на првите поглавја во јули оваа година.

Премиерот Заев и министерот за одбрана на Словенија, Карл Ерјавец, се согласија дека двете земји остануваат посветени на проширување и продлабочување на билатералните односи кои бележат постојан раст и дека односите ќе добијат дополнителен поттик со членството на Република Македонија во НАТО што ќе произлезе и од консолидирањето и интензивирањето на политичките реформи, како основа и за економскиот раст на Република Македонија.

актуелно Грција ЕУ македонија НАТО словенија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.