Премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов го потпишаа договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави.
Договорот, кој е потпишан на македонски јазик согласно Уставот на Македонија и на бугарски јазик согласно Уставот на Бугарија, предвидува поддршка на Софија на евро-атланските аспирации на Скопје, соработка на билатерален и мултилатерален план, унапредување на транспортните врски и комуникации, олеснување на царинските и граничните формалности, издвојување средства за регионални инфраструктурни и прекугранични проекти, како и олеснување на контактите меѓу граќаните на двете држави.
Веднаш по потпишувањето на договорот, во владата следуваше потпишување на меморандум за соработка меѓу македонското и бугарското министерство за транспорт и врски и ресорните министерства за енергетика и економија.







