Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев од Аеродром: Млади, тргнете на работа, почнете свој бизнис, државата ќе ве поддржи
Македонија

Заев од Аеродром: Млади, тргнете на работа, почнете свој бизнис, државата ќе ве поддржи

октомври 6, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во овие четири години постојано инвестираме во издржани, реални младински политики за младите да останат овде и овде да ја градат својата иднина, а следните четири години ги посветуваме на младиот човек, порача претседателот Зоран Заев на трибина во Аеродром.

Заев пред присутните најави нова мерка која ќе донесе дополнителна мотивација секој млад човек да тргне на работа.

„Од први јануари, за два и пол месеци од сега, државата ќе ги плати придонесите за секој млад човек кој ќе тргне на работа, односно ќе биде нововработен. Следуваат и дополнителни стимулации за нововработените млади.

Дополнително, оние кои немаат практично искуство, ќе бидат поддржани преку практиканство во фирмите, кое државата директно ќе го покрие. Ве повикувам драги млади, следете ги можностите кои доаѓаат и на централно и на локално ниво тие се пред вас, државата и општините ви ги обезбедуваат, останете дома, и ангажирајте се на пазарот на трудот.

Што порано стекнете работно искуство и вештини, толку побрзо ќе напредувате во кариерата. Најмногу очекувам младите да се мотивираат и да започнат свој бизнис, да бидат свои газди со свои сопствени фирми. Државата ќе ве поддржи.

Досега само преку ФИТР поддржавме 85 милиони за старт апи и за проекти на младите луѓе, затоа што местото ви е овде, во Аеродром, во Карпош, во Центар, местото ви е во Град Скопје, местото ви е дома и во сите наши општини во нашата Македонија“ истакна Заев.

Тој се осврна и на досега спроведените проекти што значат сериозно унапредување на младинскиот стандард.

„Ние сме првата држава која иако не е членка на ЕУ, што ја развива и спроведува Младинската гаранција, преку која изминатата година се вработија над 8.400, а во првите шест месеци од оваа година 2.066 млади лица.

Воведовме субвенциониран студентски оброк, а на 17.836 студенти веќе им се исплатени вкупно 25,7 милиони денари за месец септември

Ги зголемивме студентските стипендии и за првпат воведуваме стипендии за докторанди.

Грижата за младите ја пренесуваме и на локално ниво, градиме општини кои се партнери со младите, кои го слушаат нивниот глас и ги следат нивните потреби.

Општините ги отвораме за младите, воведуваме нов дигитален систем за непосреден контакт на младите со градоначалникот. Продолжуваме со отворање на Младински центри и Младински локални совети во сите општини“ порача Заев од Аеродром.

 

аеродром актуелно Заев митинг
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.