„Аристотел рекол, нема да можеш да постигнеш ништо без храброст и чест. Надежта е буден сон. Кога имаш надеж можеш планини да поместиш. Го делам чувството дека со потпишувањето на договорот, навистина поместивме планини. Кога многумина се сомневаа потврдивме дека е возможно. Дојдовме до достоинстевено и прифателиво решение. Договорот ни донесе аспирација и иницијативи за подобар живот. Решението и процесот ни донесе пријател“, рече македонскиот премиер Зоран Заев, во своето обраќање пред потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција.
Заев порача дека ова е историски ден за Македонија и Грција и дека со договорот се гради нова реалност во регионот.
На оние кои се противници на договорот и во Македонија и Грција им порача дека тие имаат право на тоа, дека имаа право на гласен аргументиран став, но ги увери дека двете држави градат демократски вредности базирани на слобода и владееење на правото.







