Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Законите за новите гранични премини меѓу Северна Македонија и Грција пред надлежната комисија во грчкиот Парламент
Македонија

Законите за новите гранични премини меѓу Северна Македонија и Грција пред надлежната комисија во грчкиот Парламент

мај 14, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Комисијата за национална безбедност и надворешни прашања во грчкиот Парламент во 10 часот по локално време ќе одржи седница на која ќе ги разгледа нацрт законите доставени од Министерството за надворешни работи на Грција за отворање на новите гранични премини кај Мајден и  Маркова нога, како и за подигнувањето на Канцеларијата за врски во Скопје на ниво на амбасада и на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат, јави дописничката на МИА од Атина.

Нацрт законите произлегуваат од потпишаните договори во Скопје во март и април годинава, а известувачи во Комисијата се пратениците Јоргос Ѕиманис од СИРИЗА и Јоргос Кумуцакос од Нова демократија.

Едниот предлог закон е под наслов „Ратификација на Договорот меѓу Република Грција и Република Северна Македонија во врска со воспоставување нов граничен премин меѓу двете земји, што ќе ги поврзува Промахи во Република Грција со Мајден во Република Северна Македонија“, а вториот под наслов „Ратификација на Договорот меѓу Република Грција и Република Северна Македонија во врска со воспоставување нов граничен премин во регионот на Преспанското езеро и други одредби“.

Откако нацрт законите ќе добијат зелено светло од надлежната Комисија за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент, потоа ќе бидат доставени за ратификација на пленарна седница во Парламентот.

Нацрт законите доставени во грчкиот Парламент, кои во посебни членови ги вклучуваат потпишаните договори во Скопје, едниот на 8 март 2019, другиот на 2 април 2019, се потпишани од министрите за: надворешни работи Јоргос Катругалос, цивилна заштита Олга Геровасили, финансии Евклидис Цакалотос, транспорт и врски Христос Спирѕис и алтернативната министерка за надворешни работи Сиа Анагностопулу.

Согласно потпишаните договори, за изградбата и отворањето на граничниот премин кај Мајден ќе се користат фондови од Европската унија, а во договорот за граничниот премин кај Преспа, вклучени се и членови за подигање на нивото на Канцеларијата за врски во Скопје во амбасада и на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат.

Според двата потпишани договори во Скопје, предвидено е да се формира  заедничка Комисија на експерти од двете земји со најмногу девет претставници од секоја страна кои ќе бидат надлежни за техничките и правните теми, за функционирањето на граничните премини и за други прашања од заеднички интерес поврзани со спроведувањето на договорите.

Во рок од 30 дена од стапувањето на сила на договорот, двете страни по дипломатски пат ќе ги разменат листите со членовите на Комисијата, која за прв пат ќе се состане во рок од три месеци по стапувањето на сила на договорот, а ќе одржува состаноци на секои две години.

Ваква комисија е предвидена и за граничниот премин кај Мајден и за граничниот премин кај Маркова нога.

Нацрт законот „Ратификација на Договорот меѓу Република Грција и Република Северна Македонија во врска со воспоставување нов граничен премин меѓу двете земји, што ќе ги поврзува Промахи во Република Грција со Мајден во Република Северна Македонија“¨, содржи три члена, а нацрт законот „Ратификација на Договорот меѓу Република Грција и Република Северна Македонија во врска со воспоставување нов граничен премин во регионот на Преспанското езеро и други одредби“, има седум члена.

МИА во саботата ја пренесе содржината на двата нацрт закони за кои денес ќе дискутираат пратениците од Комисијата за национална одбрана и надворешни прашања.

Нацрт закон за граничниот премин кај Преспа

Согласно потпишаниот договор во Скопје, граничниот премин кај Маркова нога, ќе се користи исклучиво за лица и возила до 5 тони.

Во предлог законот доставен до грчкиот Парламент, членот  1 го содржи во целост, на грчки и англиски јазик,  потпишаниот договор во Скопје, на 8 март 2019 меѓу алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров.

Вториот член од нацрт законот се однесува на одлуките на Заедничката комисија на експерти, согласни членот 3 од потпишаниот договор во Скопје.

Третиот член се однесува на подигањето на нивото на Канцеларијата за врски во Скопје во амбасада и на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат.

Во овој член 4 и член 5 детално е објаснет составот на персоналот што ќе работи во амбасадата во Скопје и конзулатот во Битола.

Нацрт закон за граничниот премин кај Мајден

Членот  1 го содржи во целост, на грчки и англиски јазик,  потпишаниот договор во Скопје, на 2 април 2019 меѓу алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу и заменикот министер за надворешни работи на Северна Македонија, Андреј Жерновски.

Вториот член од нацрт законот се однесува на одлуките на Заедничката комисија на експерти, согласни членот 3 од потпишаниот договор во Скопје.

Членот 3 од нацрт законот се однесува на стапувањето на сила на законот, откако ќе биде објавен во Службен весник.

За стапување на сила на договорите, предвидена е истата процедура како и за останатите грчки закони, односно гласање во Парламентот, објавување во Службен весник и издавање Претседателски декрет, потпишан од грчкиот претседател.

актуелно Грција закони нови гранични премини северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.