Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, изложен на притисок поради корупциски скандал во неговото министерство, ќе биде преместен на друга позиција во владата, изјави вчера претседателот на Клубот на претставници на партијата ‘Слуга на народот’ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Дејвид Арахамиа рече дека со Министерството за одбрана ќе раководи Кирило Буданов, шеф на воената разузнавачка агенција ГРУ.
Тој не кажа кога одлуката ќе биде формализирана.
Резников немаше коментар.
„Војната диктира промени во кадровската политика. Времињата и околностите бараат зајакнување и прегрупирање. Ова се случува сега и ќе продолжи да се случува во иднина… Непријателот се подготвува за офанзива. Се подготвуваме да се одбраниме и да го вратиме она што е наше“, напиша Арахамија на Телеграм.







