Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Зголемување на бројот на барања за азил од Македонија во ЕУ
Македонија

Зголемување на бројот на барања за азил од Македонија во ЕУ

март 12, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Последните бројки на Европската Канцеларија за азил, ЕАСО, покажуваат дека државјаните на Северна Македонија се меѓу оние кои најчесто продолжуваат да поднесуваат барања за азил, дури и откако се одбиени, јави дописничката на МИА од
Брисел.

Генерално, ЕАСО констатира зголемување од 21 отсто на барањата на азил во земјите на ЕУ плус Норвешка и Швајцарија (ЕУ+) во текот на јануари оваа година во однос на претходниот месец и зголемување од девет отсто во однос на јануари 2018 година.
Во текот на јануари поднесени се вкупно 58.609 барања за меѓународна заштита во ЕУ+, што е повеќе од било кој месец во 2018 година, информира ЕАСО. Најголем број барања доаѓаат од Сирија, Ирак и Авганистан.

Но, не изостануваат ни барањата од Северна Македонија.

Во јануари 2019, поднесени се 628 барања за меѓународна заштита од страна на македонски граѓани, а речиси половина од овие се повторени барања. Со ова Северна Македонија, заедно со Србија се меѓу првите земји чии државјани поднесуваат барања за азил во повеќе наврати, дури и откако биле одбиени.

„Некои државјани имаат тенденција почесто да поднесуваат повторно барања, таков е случајот, на пример, со граѓаните од Северна Македонија и Србија, каде речиси половина од апликациите се повторени. Најчесто концентрацијата на повторени барања се највисоки кај државјаните од земјите од западниот Балкан, се наведува во соопштението на европската канцеларија за азил.

Северна Македонија бележи значаен раст на барањата за азил во јануари 2019, поголем број барања од нашата земја имало во април и март 2017 година.

Од ЕАСО не ги коментираат причините за оваа ситуација, но важно е да се напомене дека во огромно мнозинство случаи, барањата за азил од Македонија се одбиваат бидејќи земјата се смета за безбедна. Од 628 поднесени барања во јануари, 539 се одбиени, а стапката на одобрување на апликациите е еден отсто.

Во регионот, најмногу барања за меѓународна заштита во ЕУ, Швајцарија и Норвешка доаѓаат од Албанија. Само во јануари 2019, над две илјади лица од Албанија побарале азил во ЕУ+, од кои дури 1.812 се први барања, а над 1.700 се одбиени.

Србија, исто така, бележи раст на овие апликации во јануари, со 897 барања, што е една од највисоките стапки за оваа земја од крајот на 2017 година.

Во топ десет на барањата за азил во ЕУ+ се наоѓаат Пакистан, Иран, Нигерија, Турција, Венецуела, Албанија и Грузија. Најзначајното зголемување се однесува на државјаните од Венецуела и Нигерија.

број на азиланти ЕУ зголемување македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат

мај 22, 2026

Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали

мај 21, 2026

ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра

мај 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.