Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЗОВРИЕНИ ЕМОЦИИ: Лидерите на државите од ЕУ се расправаат за Израел
Некатегоризирано

ЗОВРИЕНИ ЕМОЦИИ: Лидерите на државите од ЕУ се расправаат за Израел

октомври 24, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Да се изнајдат начини за излез од војната или барем да се спречи таа да се прошири како шумски пожар во регионот, за тоа во Луксембург разговараат министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија.Но, најнапред, тие мора да направат критична рамнотежа на она што се случи досега.Политиката на Унијата кон Блискиот Исток веќе две недели изгледа како потполна збрка, одредена од националните интереси и личните неврози.

Реакцијата на терористичкиот напад на Хамас беше хаотична: прво, еврокомесарот побрза и огласи со ставот дека развојната помош за палестинските автономни области ќе биде запрена.

Поминаа часови додека тој „соло потег“ на Унгарецот не беше поправен.

„Се разбира, хуманитарната помош за граѓаните ќе продолжи“, можеше да се слушне потоа во Брисел, пишува Дојче веле.

Не долго потоа, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се најде на удар на критичарите – на оние кои се поблиски на Палестинците отколку на Израелците.Нивното обвинување: претседателката на Комисијата при посетата на Израел, во знак на солидарност, нагласила погрешни работи.Притоа, овде се работело за само неколку зборови, поточно за зборови кои не биле изговорени.

„Израел има право на самоодбрана“, рече Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Бенјамин Нетанјаху, додавајќи: „Израел дури има должност да го брани својот народ“.

Овде критичарите очекувале дека претседателот на ЕК ќе наведе и едно ограничување: самоодбрана да, но во границите на меѓународното хуманитарно право.

Со оглед на бруталноста на исламистичкиот терор, Урсула фон дер Лајен се одлучи за повнимателна формулација и рече: „Знам дека начинот на кој Израел ќе одговори ќе покаже дека тој е демократска земја“. Тоа дека францускиот претседател, Емануел Макрон, претходно, го изрази речиси истото, велејќи дека Израел има право на самоодбрана и „силно и праведно“ возвраќање, речиси никој во Брисел не го зема во предвид.

Фон дер Лајен во Израел зборуваше за фотографии од малтретирани деца, за млади родители кои ги сокриле своите бебиња пред да бидат убиени од исламистичките терористи.

Од кругови блиски на шефицата на Комисијата се дознава дека во личен разговор го замолила Нетанјаху да ја ублажи неговата реакција.

„Дали е тоа германски став? Во секој случај, тоа е став кој не ја следи заедничката линија на ЕУ“, префрлаат критичарите.

Најгласен меѓу нив е ирскиот претседател Мајкл Хигинс.

Според пишувањето на „Индипендент“, тој рекол дека Германката „не зборува во името на Ирска“.

Ирска е земја која традиционално стои на страната на Палестинците.

Притоа, претседателката на ЕК не се двоумеше да му укаже на Нетанјаху за тешката состојба на Палестинците. Но, поинаку отколку што сакаа нејзините противници.

„Ужасот што го предизвика Хамас само им донесува повеќе страдања на невините Палестинци. Тие се загрозени. Палестинците се жртви на терористите на Хамас“, рече таа.

Слично се слушна и од германскиот канцелар, пишува Дојче веле.

Вжештените емоции повеќе не можеше да ги смири ниту фактот што претседателката на Комисијата, по враќањето од Израел, повеќепати се повикуваше на меѓународното право како рамка за израелската реакција.

Токму шефот на европската дипломатија, Шпанецот Жозеп Борел, го критикуваше Фон дер Лајен.

„Самата израелска наредба за евакуација на луѓето од Газа претставува кршење на меѓународното право“, рече тој.

Политичарите од шпанската влада гледаат на тоа на ист начин, некои дури повикуваат на прекин на огнот, што всушност би претставувало отфрлање на правото на Израел на самоодбрана.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во сè гледа и личен предизвик.

Од кругови блиски до него може да се слушне дека за европската надворешна политика не е одговорна Фон дер Лајен, туку земјите-членки. Тоа е во согласност со статутот, но го остава отворено прашањето зошто шефицата на Комисијата не би отпатувала во посета на Израел во знак на солидарност. Во секој случај, такви обвинувања не се слушнаа за време на нејзината посета на Киев.

Мишел веќе долго време ја гледа Урсула фон дер Лајен како конкуренција.

Таа е жена која собира поени на меѓународната сцена, додека нему очигледно му е тешко да се издигне и да брилјира. Мишел со треперлив глас најави дека министрите за надворешни работи на земјите-членки сега треба да ја преземат кризата на Блискиот Исток во свои раце.

„Под постојан надзор и размена на информации“, рече тој, а пренесува ДВ.

Но, личните конфликти меѓу нив двајца не се единствениот извор на немири што ја прават Европската унија да изгледа толку слаба во новата ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

Владите на државите-членки се исто така поделени. На едната страна се земјите кои традиционално се блиски до Палестинците, како што се Белгија и Луксембург, но и поголеми земји како Шпанија и Ирска.

И Франција беше дел од оваа група. И тоа долго време. Но, поради исламистичките злосторства во француските градови, а веројатно и заради загриженоста од растот на популарноста на екстремната десница, се чини дека францускиот претседател се преориентирал. После неодамнешното убиство на наставник од страна на радикален исламист, францускиот министер за внатрешни работи се пожали на „атмосфера на џихадизам“ во земјата.

Многу Французи стравуваат од таканаречениот увоз на конфликтот во нивната земја, додека други наведуваат дека тој постои веќе долго време. Франција ја има најголемата еврејска заедница во Европа, таму живеат околу 500.000 Евреи. Откако почнаа нападите на Хамас, кои Германија, САД, ЕУ и некои други земји ги класифицираат како терористичка организација, Макрон уверува: „Нашата најважна должност е да ги заштитиме Евреите во нашата земја“.

На чело на земјите од ЕУ кои експлицитно и недвосмислено го поддржуваат Израел се Германија, Австрија и Унгарија.

Генерално, оваа група всушност го претставува мнозинството, тврдат германски дипломатски кругови. Но, кај европската блискоисточна политика не се работи за мнозинство, туку за донекаде изедначена линија која сите можат да ја поддржат.

Неа сега треба да ја пронајдат министрите за надворешни работи на ЕУ.

Германската ресорна министерка, Аналена Баербок, претходно, учествуваше и на самитот на Блискиот Исток во главниот град на Египет, Каиро, и истакна две работи. Уште еднаш на Израел му гарантираше полна солидарност во борбата против тероризмот на Хамас и ги повика меѓународните партнери да обезбедат поголема помош за луѓето од Појасот Газа. Германија краткорочно ја зголемува помошта за Газа за 50 милиони евра – прашање е само колку од оваа помош навистина ќе стигне до оние на кои им е потребна, со оглед на меѓусебните напади од Појасот Газа и од Израел.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор: Дојче Веле / Јутарњи лист)

актуелно германија Европа Израел Палестина тероризам урсула фон дер лајен Хамас Шпанија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.