Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Избран најшарениот град во светот: европска дестинација со повеќе од 2,6 милиони бои, а на оваа листа се најде и град од Балканот
Забава

Избран најшарениот град во светот: европска дестинација со повеќе од 2,6 милиони бои, а на оваа листа се најде и град од Балканот

април 20, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ирската компанија за патничко осигурување „Џаст кавер“ (JustCover) го прогласи Лисабон за најшарен град во светот, покажува најновата анализа заснована на обработка на фотографии од разни светски дестинации. Според студијата, од избраните фотографии од португалската престолнина биле идентификувани повеќе од 2,6 милиони бои, што го става Лисабон на врвот на листата на визуелно највпечатливи градови.

Истражувањето е направено во време кога патувањата сè почесто се документираат и споделуваат на социјалните мрежи, каде што естетиката и визуелниот ефект имаат сè поголемо значење при изборот на туристичката дестинација, особено кај љубителите на фотографија и дигитална содржина.

Лисабон е препознатлив по своите пастелни фасади и декоративни керамички плочки, кои доминираат во историските квартови, како Алфама. Дополнителен визуелен белег на градот се и познатите жолти трамваи, кои се движат низ тесните и стрмни улички. На второто место се најде Куала Лумпур во Малезија, кој се издвојува по контрастот меѓу современата архитектура и традиционалните објекти, вклучувајќи ги и богато украсените храмови и светилишта.

Третото место му припадна на Порто, уште еден португалски град, со што Португалија добива значајно место на оваа листа. Карактеристичните покриви од теракота, шарените куќи покрај реката и калдрмисаните улици придонесуваат за неговата препознатлива визуелна слика, а историските вински подруми нудат дополнително искуство за посетителите.

Четвртата позиција ја зазема Картахена во Колумбија, пристаништен град познат по живописната архитектура. Меѓу неговите најпознати обележја е жолтата кула – часовник на влезот во стариот град, а зградите во разни бои и балконите украсени со цвеќиња создаваат впечатлив и урбан поглед. На петтото место се наоѓа Рио де Жанеиро во Бразил, каде што биле регистрирани повеќе од 2,3 милиони уникатни бои на фотографиите. Меѓу најпознатите атракции се скалите Селарон, украсени со плочки во жолта, сина и зелена боја, кои привлекуваат голем број туристи секоја година.

Анализата била спроведена врз основа на репрезентативни дневни фотографии за секоја локација, без употреба на силни филтри. Потоа бил користен специјализиран алат за детекција и пресметка за бројот на бои присутни на фотографиите, со цел да се утврдат најживописните градови во светот. На оваа листа се најде и еден град од Балканот. Дубровник е рангиран на 11. место, што го става меѓу најшарените туристички дестинации според ова истражување.

Фото: МИА 

град дестинација европска избран најшарен
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Нестабилно време во Македонија

јуни 10, 2026

„Европската тројка“ ја поддржа идејата за преговори меѓу Киев и Москва

јуни 8, 2026

Откриена мистериозна древна населба на Пиринеите

јуни 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.