Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Италија под вода: свлечишта рушат згради, жители на покриви чекаат спасување
Во Фокусот

Италија под вода: свлечишта рушат згради, жители на покриви чекаат спасување

ноември 18, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Обилните врнежи што ја зафатија североисточна Италија за само една ноќ предизвикаа хаос, поплави и серија свлечишта, поради што локалните власти прогласија вонредна состојба во повеќе населени места во регионот Фриули-Венеција Џулија.

Во местото Брачан, во општина Крмин, огромна маса кал и земја се одделила од падината и целосно урнала трикатна станбена зграда. Спасувачките екипи од раните утрински часови се обидуваат да ги пронајдат исчезнатите жители – едно лице е извлечено живо, со тешка повреда на ногата, а уште двајца сè уште се водат како исчезнати.

Поради опасност од нови активирања на теренот, неколку семејства од околните улици се итно евакуирани. „Наврнаа огромни количини дожд во исклучително кратко време, ситуацијата е крајно сериозна“, изјави градоначалникот Роберто Фелкаро.

За шест часа во Крмин наврнале дури 152 милиметри дожд, што предизвика брзо излевање на реките и ширење на поплавниот бран. Реката Идрија истекла од коритото, а Тер го поплавил селото Верса, каде што водата достигнала критично ниво.

Во Верса сцените се најдраматични: дел од жителите морале да побараат засолниште на покривите од сопствените куќи, додека чекале спасувачки тимови. Пожарникарите се пробиваат со мали чамци, а хеликоптери се обидуваат да стигнат до отсечените семејства.

На терен се испратени засилени екипи и од регионот Венеција. Од воздух може да се види големината на катастрофата – уништени патишта, срушени мостови, затворени сообраќајници и неколку населени места кои практично се отсечени од остатокот на регионот.

Спасувачките операции продолжуваат под многу тешки услови, а властите предупредуваат дека ризикот од нови поплави и свлечишта останува висок.

актуелно згради италија поплави рушење свлечишта
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.