Откако мајката на озлогласениот чеченски лидер се најде на американскиот список на санкции, Рамзан Кадиров упати директни закани во најновото видео објавено на Телеграм.
Видеото на Твитер го сподели заменик министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, додавајќи на видеото превод на англиски јазик:
„Отстранете ги брзо санкциите. Фактот дека и наметнавте санкции на мојата мајка нема да ви го простам. Ќе направам се!“, наведува тој во снимката, а Герашченко во објавата ги приложи и натамошните закани на Кадиров.
„Ова само ни ги одврзува рацете. Ако државите сами на себе си ги озаконија ваквите криминални методи, тогаш нема да се ограничиме со никакви граници. Грузија, Украина – се се тоа американски проекти на постсоветскиот простор, да не ги споменуваме другите конфликти низ светот, започнати од измислени причини. И ако американските криминалци некаде се извлекле, со Русија нема да оди. Нека уживаат во за нас безболните санкции. Ќе продолжиме да им ја кршиме кичмата на украинските-НАТО банди. Можеме дури и до Елба, како што некогаш направи Висаитов во војната против нацистите. Стејт департментот се чувствува премногу удобно туркајќи го украинскиот народ во смрт криејќи се зад мирољубива демократија. Треба да се скрши оваа американска грозотија“.







