Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Катругалос: Двете страни имаат искрена намера процесот да има успешен кра
Македонија

Катругалос: Двете страни имаат искрена намера процесот да има успешен кра

декември 5, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервју за грчкото радио „Њуз247“ во однос на изјавата на македонскиот премиер што предизвика реакции и беше тема и на внатрешно политички препукувања во Грција, објаснува дека на таа тема разговарале вчера со Никола Димитров, но објаснувања дал и портпаролот на македонската Влада.

„Двете страни се со искрена намера целиот процес да има успешен завршеток. Вчера разговаравме и со министерот за надворешни работи на соседната земја, со господинот Димитров и се согласивме дека треба да бидеме особено претпазливи во нашите изјави и да не оставаме ни најмал впечаток дека сакаме да отстапиме од текстот и духот на договорот. Мислам дека и по корективните изјави на владиниот портпарол на поранешната југословенска Република Македонија дадени се доволни објаснувања, рече Катругалос кој во друг дел од интервјуто уште еднаш спомена дека она што е важно е дека постоеше корекција, објаснување и појаснување на изјавата.

Според алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, токму ова уништува секакви сомнежи за содржината на договорот, не остава простор за злоупотреба и не го менува ставот на пратениците што го поддржуваат договорот.

„Немам ни најмал сомнеж дека ќе биде изгласан Договорот од Преспа. Мислам дека неодамнешната непријатност од изјавите што ги споменавте напротив ја потврди содржината на договорот. Токму затоа што разби било каков сомнеж за тоа што точно пишува, го разби тврдењето дека може да продолжат да се користат иредентистички аргументи од минатото во внатрешноста. И токму бидејќи беше дадена можност за појаснувања и објаснувања мислам дека не постои ни најмала можност за злоупотреба во овој момент, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција во интервјуто за грчкото радио.

Тој на неколку пати повтори дека нема ни најмал сомнеж дека постои мнозинство пратеници за ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

„Немам сомнеж дека постои мнозинство, токму поради тоа што немам сомнеж за критериумот, за националниот критериум со кој ќе гласаат мнозинството пратеници. Па дури и во Нова демократија паметат дека Константинос Мицотакис имаше соодветна позиција како оваа што ја промовиравме, но и Дора Бакојани и Костас Караманлис. И доколку Мицотакис подлегне пред  лидерите во сенка на Нова демократија Георгиадис и Воридс, сигурен сум дека мнозинството пратеници нема да го следи, вели Катругалос.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција објаснува дека кога „ќе заврши процесот ќе треба и двете влади да говорат ист јазик како што говорат сега да не постои никаква сенка на сомнеж за тоа која е точната смисла на договорот“ и вели дека меѓу двете земји постои отворен канал на комуникација „за да можеме да ги праќаме неопходните пораки како што беше случај сега за да не останува никаков сомнеж во однос на тоа што точно се договоривме“.

Прашан за тоа кога Договорот од Преспа би дошол за ратификација во грчкиот Парламент, алтернативниот шеф на грчката дипломатија се повика на изјавата на Ципрас од минатото дека клучниот период е од крај на јануари до март.

Во однос на шпекулациите и сценаријата дека опозициската Нова демократија, за да не се ратификува Договорот од Преспа,  како оружје би можела да искористи иницијатива за гласање недоверба на владата, Катругалос рече дека „со тоа оружје ќе си пукаат во нивните нозе“.

актуелно Атина Договор преспа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.