Кина успешно го тестираше противракетниот одбранбен систем од среден дострел на својата територија, соопшти кинеското Министерство за одбрана.
Во краткото соопштение се наведува дека тестот во понеделникот ја исполнил претходно поставената цел.
Од Министерството додаваат дека станува збор за одбранбен систем кој „не нишани на ниту една држава“.







