Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковачевски за „Политика“: Отворен Балкан за инвеститорите значи поголем интерес за вложувања и за нови работни места
Економија

Ковачевски за „Политика“: Отворен Балкан за инвеститорите значи поголем интерес за вложувања и за нови работни места

септември 1, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Иницијативи како Отворен Балкан, кои имаат реални придобивки како што е првиот меѓународен саем на храна, вино и туризам во Белград е исклучителна можност да воспоставиме нова динамика во нашата регионална соработка и да обезбедиме економски просперитет и подобро утре на нашите граѓани, вели премиерот Димитар Ковачевски во интервју за српскиот весник „Политика“.

Ковачевски во интервјуто се осврна на важноста на Отворен Балкан и меѓусебната соработка на земјите од регионот.

– Северна Македонија, но и регионот традиционално е поднебје каде има добра храна и вино. Важно е тоа да го покажеме и да работиме на унапредување на севкупните капацитети. Учеството на Северна Македонија на саемот реално има огромно значење за домашната економија. Компаниите кои изложуваат тука ќе обезбедат поголем извоз, откуп и нови пласмани и пазари за македонските храна и вина. Ќе се обезбеди одлична промоција на туристичките капацитети во Северна Македонија и привлекување нови туристи, пред сѐ од регионот. Од Северна Македонија ќе учествуваат 42 винарии и три дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии, а ќе се претстават и повеќе од 10 производители на храна. Нашето Министерство за земјоделство навистина се потруди да им обезбеди одлична промоција, со оглед на фактот дека е очекувано Саемот да има стотици илјади посетители. Накратко кажано, вакви поврзувања се особено важни за регионот и за економијата на земјите, рече Ковачевски.

Тој истакна дека со сите договори кои досега се потпишани, вклучувајќи ги и меморандумите за разбирање одиме еден чекор напред кон намалување на бирократските бариери за зголемување на протокот на луѓе и капитал.

– Всушност зборуваме за имплементација на темелните вредности на ЕУ сега, додека трае нашиот процес на преговори со ЕУ. Придобивките од Отворениот Балкан се веќе видливи, а верувам дека ќе биде така и понатаму. Се работи интензивно секако да се надминат административните пречки за сѐ она што ќе нѐ донесе чекор поблиску до зацртаните цели, но мислам дека сме на добар пат сериозно да направиме единствен регион кој ќе им овозможи на своите граѓани побрз просперитет. Што се однесува до конкретните придобивки од Отворен Балкан, сметам дека економската димензија од која имаат придобивка и граѓаните и стопанството е практично најважната, особено во дадениов момент. Сите ние поединечно како земји, сме интересни за странските и домашни инвеститори, но заеднички, како регион, инвеститорите ќе имаат далеку поголем интерес за вложувања и за креирање капацитети и нови работни места“, рече Ковачевски и додаде дека Отворен Балкан во регионот е позитивно прифатен од бизнис заедницата и сите компании ќе имаат придобивка од учеството на регионален пазар.

Ковачевски подвлече дека конкуренцијата и квалитетот ќе растат, граѓаните ќе имаат поголеми шанси за личен развој, а компаниите шанси за нови пласмани и соработки.

актуелно балкан инвеститори ковачевски отворен политика
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.