Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковид-19 не стивнува: Нови 118 случаи заразени, тројца починати, се чека Оксфордската вакцина
Македонија

Ковид-19 не стивнува: Нови 118 случаи заразени, тројца починати, се чека Оксфордската вакцина

август 21, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нови 118 случаи заразени со коронавирус од 1.653 тестирања, тројца починати и 127 оздравени пациенти, беа регистрирани во претходното деноноќие.

Тројцата пациенти починале во болнички услови. Се работи за пациенти од Тетово (64 г.), Штип (82 г.) и Струга (74 г.). Со последните тројца починати, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 се искачи на 554. Воедно, расте бројот на оздравени лица. Тој сега изнесува 9.752. Остануваат активни уште 2.888.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.194. Досега се направени 132.493 тестирања.

Во Скопје остануваат активни уште 949, Куманово 302, Дебар 68, Штип 243, Прилеп 51, Тетово 160, Струга 138, Битола 63, Охрид 62, Кавадарци 99, Гостивар 297, Свети Николе 56, Кичево 115. Во другите градови бројот на активни е под 50.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 76 пациенти од кои на кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, шест деца позитивни и две мајки и две деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 75 пациенти од кои на респираторна машина се четири пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во Скопје и натаму најмногу активни има во Чаир – 133, потоа Аеродром – 118, Гази Баба – 121, Карпош – 91, Центар – 88, Кисела Вода – 89, Бутел – 71, Ѓорче Петров – 66, Шуто Оризари – 47, Студеничани – 30, Сарај – 26, Арачиново – 19, Илинден – 12, Сопиште – 11, Чучер Сандево – 7, Петровец – 7, Зелениково – 6, странец – 4 и нераспределен – 3.

Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за „Слободен печат“ изјави дека вакцината за Ковид-19 ќе биде бесплатна за сите граѓани.

– Сè уште не знаеме која ќе биде цената за вакцината за Ковид-19, но дефинитивно државата ќе издвои буџет и вакцинирањето ќе биде бесплатно, рече Филипче.

Тој посочи дека власта има два механизми за набавка, едниот е Ковакс механизмот, преку СЗО и Алијансата за имунизација.

– Потпишавме писмо на намери и овој механизам им овозможува на земјите рамноправно да им бидат распределени вакцините според бројот на населението тогаш кога ќе излезат на пазарот, од секој последователен производител. Земјите – членки на Европската Унија потпишаа билатерални договори со компанијата која работи на Оксфордската вакцина „Астра зенека“. Добивме понуда Полска да набави соодветна количина и за нас, заради тоа што нема да имаме можност за билатерален договор. Дефинитивно, со два механизми обезбедуваме дека вакцината ќе биде достапна и за нашите граѓани, бесплатно. Вакцината од Оксфорд во земјава ќе стигне преку партнерство и соработка со Полска и ќе биде бесплатна, истакнува Филипче, кој не очекува отпор од граѓаните за вакцинирањето оти луѓето знаат дека болеста е тука и се свесни за нејзината тешка форма кај некои пациенти.

Меѓудругото, министерот информира дека до крајот на октомври ќе бидат готови и 16 модуларни болници, таканаречени „ковид центри“ ширум земјата, во непосредна близина на актуелните болнички капацитети, вели Филипче.

Министерот Филипче со американската амбасадорка Кејт Брнз вчера го посетија реновираниот дел во лабораторијата при Институтот за јавно здравје. Филипче и се заблагодари на амбасадорката Брнз за нејзиното, како што рече, несебично залагање да помогне уште од почетокот на пандемијата во зајакнување на нашиот здравствен систем. Тој потенцира дека САД остануваат главниот стратешки партнер на нашата држава, како и во другите области, така и во здравството.

– Благодарение на Амбасадата на САД ќе имаме кабинет со биосејфти ниво 3 во делот на микробиологијата. Тоа ќе биде уште едно зајакнување и уште еден чекор напред во квалитетот на здравствената услуга која се дава и во технологијата за работа, рече министерот.

Амбасадорката Брнз рече дека е импресионирана од тоа што го видела и дека со задоволство може да каже оти дополнителните капацитети добиени со ова реновирање доаѓаат како резултат на неверојатната соработка меѓу Канцеларијата за соработка во одбраната на Соединетите Американски Држави, Министерството и Институтот.

– Работевме заедно, чекор по чекор, за да обезбедиме навремени одлуки за клучни проекти што ќе помогнат во подобрувањето на можностите за тестирање на оваа земја. Горда сум што можеме да ги видиме резултатите од научната соработка помеѓу Институтот и Центрите за контрола на болести во САД, за обезбедување обука и опрема, како овде денес така и во дневните извештаи од Министерството за здравство, рече Брнз, која потенцира дека соработката ќе продолжи.

Министерството за здравство вчера ги повика оние кои оздравеле од Ковид-19 да донираат крвна плазма за да им помогнат на оние кои во моментов се борат со коронавирусот. Од Институтот за трансфузиона медицина вчера информира дека се обезбедени 75 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19.

актуелно заразени Ковид-19 нови случаи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.