Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Комисијата за финансирање го прифати предлогот за продолжување на рокот за финансиска помош за повеќе категории граѓани
Економија

Комисијата за финансирање го прифати предлогот за продолжување на рокот за финансиска помош за повеќе категории граѓани

јануари 26, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Собраниската комисија за финансирање и буџет како матична комисија денеска го усвои дополнувањето на Законот за финансиска поддршка на повеќе категории на граѓани со кое се врши продолжување на рокот за искористување на средствата до 31 март годинава. Предложеното законско решение е во прво читање.

Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски пред пратениците образложи дека продолжувањето на рокот се прави со цел да им се овозможи на сите категории граѓани опфатени со законот да го остварат своето право на финансиска поддршка.

– Имајќи предвид дека со законот беше предвидено финансиска поддршка да добијат повеќе категории на лица кои, согласно првичните проценки изнесуваа околу 245.500 граѓани, а роковите за доставување на листите на корисници беше исклуително краток, се доцнеше со доставување, изготвување и објавување на конечната листа на корисници до банките.

Заради краткиот рок на реализација, околу 22 илјади граѓани кои добија финансиска поддршка, а ги немаа ажурирано своите податоци во банките и 2132 граѓани на кои им се уважија приговорите, а не го остварија правото на оваа финснсиака поддршка, се предлага продолжување на рокот за искористување на средствата до 31.03.2021 година, појасни Ковачевски.

Законот е дел од четвртиот пакет антикризни мерки што Владата ги донесе со цел да им се помогне на граѓаните и стопанството за излез од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид -19. Финансиската поддршка што им се доделува на граѓаните е наменета за купување македонски производи. Согласно Законот, финансиска поддршка треба да добијат граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Комисијата денеска го разгледа и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работењето на Државниот завод за ревизија за 2019 година согласно кој ревизија била извршена во 174 субјекти и изготвени се 90 ревизорски извештаи. Со ревизиите опфатени се вкупно 247 милјарди 997 милиони денари јавни приходи и 161 милјарда 586 милиони денари расходи.

Во однос на препораките, директорот на Заводот за ревизија Максим Ацевски информира дека согласно годишната програма за работа 2018- 2019, дадени се вкупно 1030 препораки, а постапувањето по препораките е околу 76,6 проценти.

На денешната седница беше прифатена и Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за периодот 2021-2025 година.

граѓани категории помош продолжување рок финансиска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата драстично скокна

октомври 20, 2026

ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец октомври 70.358 денари – зголемена e за 926 денари

октомври 20, 2026

Цената на нафтата падна

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.