Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Короната ќе ја сотреме, ама корупцијата – јок
Томислав Колумни

Короната ќе ја сотреме, ама корупцијата – јок

јануари 29, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Иако од најважните меѓународни адреси, во неофицијална, а богами и во официјална форма, на Македонија и стигнуваат бројни предупредувања дека мора поодлучно да се бори против организираниот криминал и корупција, особено на високо ниво, домашните институции немаат доволно слух за овие сугестии и сеуште мижат и процесуираат само поситни случаи.

Ние, не е тоа од сега, само декларативно се залагаме за намалување на корупцијата.

На секое сериозно прашање за корупцијата, која е израз на расипување на моралните вредности на општеството, или не се добива квалитетен одговор или корупцијата се крие под изговор за почеток на преговорите со Европската унија. Борбата против корупцијата, онаква каква што е, каква што ја имаме, е еден вид празна медиумска приказна.

Македонија мака мачи со корупцијата, а оние кои се обидуваат да се борат против таа чума се попречуваат.

Многу е важно да се фокусираме на реални проблеми, отколку упорно да се трудиме да се занимаваме со статистика и приказните за законите, како оној за потеклото на имотот, и за правилниците и останатите акти, и да си мачкаме очи сами на себе и да се обидуваме да им мачкаме очи на господата од меѓународната заедница. Го знам ова, не го велам туку-така. Не зборам на памет.

Добро е да се има добри закони и добро обучени луѓе, но исто така е многу важно да се користат тие закони и тие луѓе за да се направи нешто на терен и да се постигнат резултати. Тоа е она што ни треба…

Корупцијата е нешто со кое, се чини, Македонија научи да живее. Или, можеби подобро е ако речеме вака: Македонија, просто, повеќе не знае да живее без корупција. Чинам, си ја одомаќинивме.

Метафорично кажано, таа е како заразна болест, вирус кој брзо се шири, ги заразува луѓето на начини кои не се секогаш видливи, и притоа им штети на угледот и работата на нашите јавни служби. Вирус кој се шири во темнината и ужива во тропската клима на „оф-шор“ центрите за перење пари.

Вирусот е создаден од луѓе, но не се потребни лекари за негово истребување, туку чесни луѓе и многу напорна работа.

Ако без корупција е невозможно да се добие место во градинка, кревет во болница или место во старечки дом, ако без тоа е невозможно да се добие работно место, или решение за градба, дури и лек, и кога таа со години останува неказнета, па дури и се наградува – тогаш станува дел од животот.

Едноставно, на Македонија и стана полесно да живее со корупција отколку да живее без неа. А, особено да се бори против тоа.

Ако за тој што е во власта и што краде велиме „Е, добро де, на местото е…“ или „Ете, се снаоѓа“, јасно е колку е саатот. Не треба да кажуваме какви сме и што сме.

Корупцијата нема идеолошки предзнак. Таа не е ниту лева ниту десна. Одговорен е секој поединец на позицијата на политичко одлучување, и во власта и во опозиција. Оние кои се на власт затоа што го уништуваат интегритетот на институциите, а опозицијата затоа што не се подготвени за вистински промени што мора да се случат во ова општество, не од утре или задутре, или од следната недела, или од другиот први… туку од вчера. Утре е доцна. Оти, таа не се смета само како морално штетна, туку е една од причините за нефункционалност на државата.

Луѓето изгледаат беспомошни да се спротивстават на корумпираните политичари, судии, менаџери и бирократи. 

Кога зборуваме за корупција, не зборуваме само за пари, зборуваме и за праведност. Се згрозуваме над корупцијата затоа што таа е директно кршење на начелата дека сите сме еднакви: низ корупција луѓето добиваат моќ, пари и предности кои не ги заслужуваат.

Во моментите кога се соочуваме со бројни предизвици, од решавање на проблемот со пандемијата до излезот од ќорсокакот во којшто се најдовме со Бугарија, по нивното вето за отпочнување на пристапните преговори за влез во Европската унија, кога шефот, и оној пред тоа и овој сега, со уште неколкумина министри расправаат по Европа за тоа кои сме и какви сме и дека местото ни е „на нивна маса“, најповиканите за справување со она што се вика затајување на данок, корупција или перење пари, се замаени со свои „бизнис планови“ и во умот им се само нивните девизни и денарски сметки и купувањето коли и куќи. Тие не се осврнуваат на местењето тендери и набавки, на оние на кои им се даде доверба да менаџираат со агенции, комисии и други институции во државна сопственост. Референтите и шалтерските работници, пак, ич не ги гледаат. Не ги ставаат ни под разно. Ним им придаваат најмалку внимание.

Очекуваме од надлежните да почнат да работат нешто посериозно отколку што е борбата против корупцијата на најниско можно ниво.

Имаат имиња, имаат детали кој што прави и со кого прави, можат уште утре да направат нешто… Ама, не, не им е умот во работата за што земаат плати.

Е, токму како резултат на тоа, државава ја карактеризира ендемична корупција на сите нивоа.

Има исклучоци, чесни луѓе, навистина, но за жал многу помалку се од нечесните.

Стагнацијата на скалата на транспарентни држави е резултат на недоволното зајакнување на превентивните тела во борбата против корупцијата и долгите судски процеси кои ја компромитираат вистинската борба против неа. Затоа треба да се смени „правдата на кадијата“ и да не се третираат граѓаните како објект на владеење, туку како носители на суверенитетот, а селекцијата и напредувањето во службата, треба да се заснова на способност, стручност и непристрасност.

До кога ќе работат корумпирани и некадарни, а не способни и одлучни?

Се додека не спроведеме навистина искрени реформи во полицијата, обвинителството и судството што се сметаат за жариште на корупциската мрежа на Македонија, кои се под јасна и силна и политичка и бизнис контрола, во кои и понатаму се наоѓаат луѓе што учествуваа во политички прогонства на од нив поинаквите, и во обиди за убиства и убиства и организиран криминал, ќе бидеме со мала предност пред Зимбабве и Брегот на слоновата коска, а едни до други со Намибија.

Час поскоро треба да се изгради административен систем, да се пресече патот на валканите пари… Ни треба борба на највисоко ниво.

Доста ни е од преживување. Близу сме до тоа да полудиме…

корона корупција криминал македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мукаетов за евентуален негов политички ангажман: Секогаш сум тука за Македонија

септември 29, 2026

Топлотен бран кон крајот на септември, во Македонија температурите ќе се искачат до 30 степени

септември 22, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со најниски цени на горивата во регионот, мерките на Владата даваат резултати

септември 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.