Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кузеска: Никој не е изоставен со пакетот економски мерки за справување со кризата со коронавирусот
Македонија

Кузеска: Никој не е изоставен со пакетот економски мерки за справување со кризата со коронавирусот

април 3, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во ова тешко време кога сите се соочуваме со последиците од коронавирусот, државата прави се да се спаси секое едно работно место, секоја компанија и да обезбеди приход за секој граѓанин.

Вториот голем економски пакет на Владата од 200 милиони евра овозможува директна помош за сите граѓани, за работниците, за стопанството, малите и средни претпријатија, дуќаните, занаетчиите и сите оние кои се дел од неформалната економија, спортистите, уметниците…

Мерките овозможуваат директна помош од 14.500 денари за секој вработен за месеците април и мај во сите фирми кои се погодени од здравствено-економската криза.

Дури 87 отсто од компаниите можат да аплицираат за овие мерки, а ќе бидат опфатени околу 250.000 работни места и околу 35.000 компании.

Сумата што ќе ја добие секој работник, за двата месеци, изнесува 29.000 денари, односно по 14.500 денари месечно.

Износот на финансиска поддршка согласно оваа Уредба, ќе се исплатува до 13-ти во месецот, за претходниот месец.

За времетраење на финансиската поддршка, четири месеци после нејзиното престанување, работодавачот има обврска да го задржи истиот број на вработени што го имал во месецот кога побарал финансиска поддршка.

Како алтернатива на оваа мерка, компаниите можат за изберат да ја користат и мерката за покривање на 50 отсто од придонесите на платите на своите вработени.

Почитувани,

Никој не е изоставен во пакетот економски мерки. За нас, секој граѓанин, секој работник, секое работно место и секоја фирма и компанија се важни.

На граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе им исплаќа месечна плата во висина од 50 проценти од просечната плата на работникот во последните 24 месеци.

Мерките ќе им го ублажат економскиот удар и ќе обезбедат поддршка и на граѓаните кои вршат самостојна дејност и ги чувствуваат последиците од оваа здравствено-економската криза.

За нив е предвидена финансиска поддршка за април и мај 2020 година во износ најмногу до 14.500 денари месечно.

Мерките водат грижа и за граѓаните кои се во неформалната економија. За нив ќе биде обезбеден надомест од 7.000 денари по домаќинство. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 20.000 нови домаќинства, кои веднаш ќе влезат во системот на социјална заштита, како и 30.000 веќе постоечки корисници.

Почитувани граѓани,

Соочени сме со сериозна криза која од нас бара солидарност и заедништво во борбата против коронавирусот и во справувањето со економските последици.

Во изминатите две и пол години покажавме дека знаеме и можеме преку конкретни политики да се справиме со сериозни предизвици, да носиме храбри одлуки за подобра иднина на граѓаните, на државата.

И овој пат заедно со Вас ќе се справиме и со оваа тешка здравствена и економска криза.

Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ

актуелно економски криза мерки пакет сдсм справување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.