Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Лавров: Ширењето на НАТО кон Македонија е грешка
Македонија

Лавров: Ширењето на НАТО кон Македонија е грешка

февруари 19, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Постои „џентлменски договор“ од 90-тите години меѓу Русија и САД и западните сојузници, со кој НАТО ветува дека нема да се шири на исток кон границите на Русија и кој е прекршен со трите проширувања на НАТО. Сега во таа игра сакаат да го вовлечат и Балканот, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

„Проширувањето на НАТО е грешка и истовремено значи прекршување на џентлменскиот договор кој го споменав, и кој сега доби целосна потврда на официјален архивски документ од кој САД неодамна ја тргна ознаката „тајни”. За ова сите знаеја, и ние едноставно се уверивме уште еднаш што навистина се случувало откако беа објавени овие архивски документи , вели Лавров, во денешното интервју за српската новинска агенција „Бета“, запрашан дали Москва има намера да се спротивстави на очекуваното пристапување на Македонија во НАТО.

Според него, проширувањето на НАТО е поткопување на договореното во 90-те години.

„Ние не еднаш ги предупредувавме колегите од НАТО дека таа линија, која претрпе три бранови на проширување, а сега ќе се случи уште еден бран, не само што претставува поткопување на сето она што се договаравме во деведесеттите години, дека никој нема да ја обезбеди својата безбедност на сметка на безбедноста на другите, туку претставува можеби и најсериозен предизвик за општата европска стабилност и безбедност,  вели шефот на руската дипломатија.

Тој додава дека тие се обидуваат да го држат континентот поделен на два дела. Овие линии на поделба се обидуваат да ги придвижат кон исток, и се поблиску и поблиску се до нашите граници, тие се, всушност, веќе на границата со Русија, смета Лавров.

Според него, ништо што сега се прави во НАТО, не ја зголемува безбедноста на балканските држави, кои од страна на Русија не се загрозени со ништо.

„Ништо од она што се случува сега не е чекор кон подобрување на способноста на НАТО да одговори на вистинските, а не на измислените закани. Не гледам како овие три бранови на проширување го направија НАТО поспособен во сузбивање на терористичките и заканите од криминалот со дрога, вклучувајќи ги и оние закани што потекнуваат од Балканот, каде што по неоправданото, унилатерално прогласување на независност на Косово, беше создадена територија која преставува пример за корупција и „црна дупка”, посочи Лавров.

Тој посочува дека, ние нашите проценки за проширувањето на НАТО им ги презентираме на нашите партнери, без разлика дали се на Балканот, или каде и да е во Европа, и сметаме дека во донесување на своите суверени одлуки целосно ќе биде земено предвид она што сега се случува и колку сето тоа одговара на вистинските интереси на оваа или онаа нација.“

На повтореното прашање да одговори конкретно за Македонија, рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров изјави дека Москва не прави разлики.

„Реков. Ние не правиме разлика. Ние зборуваме за она што го гледаме и размислуваме и подготвени сме да ги разгледуваме сите земји. Мислам дека приемот на Црна Гора беше целосно вештачки и непотребен. Обрнавме внимание дека таквиот метод како што е покажувањето на волјата на народот во форма на референдум, станува се помалку популарен при носењето на такви, доста судбоносни одлуки! – вели Лавров.

Тој говорејќи општо за Балканот констатира дека Западот сака „во игра да го вклучи Балканот поставувајќи ги балканските држави пред избор или сте со Запад или сте со Русија. Така бараа и за Украина и така дојде до неуставниот преврат во Украина…“. Според Лавров, Русија својата улога на Балканот ја гледа како „конструктивна“ и никогаш нема донесено „конфротација“ на Балканот.

Според најавите, рускиот шеф на дипломатијата на 21 и 22 февруари ќе ги посети Словенија и Србија.

актуелно балкан Косово Лавров македонија Москва НАТО русија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.