Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Лукаревска: Ноемвриската плата не ја добиле 782 работници, нивните работодавци ја искористиле мерката за финансиска поддршка
Економија

Лукаревска: Ноемвриската плата не ја добиле 782 работници, нивните работодавци ја искористиле мерката за финансиска поддршка

јануари 2, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Платата за ноември 2020 година не ја примиле 782 вработени од 245 работодавци кои користат финансиска помош од државата како една од владините мерка за справување со пандемијата од Ковид-19.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска, денеска на прес-конференција информираше дека за ноември минатата година поднесени се 13851 барања и на 13178 работодавци е исплатено 1.028.448.344 денари за вкупно 65950 вработени.

„Со состојба од 29 ноември 2020 година, 596 работодавци кои примиле финансиска поддршка од 36.655.907 денари не ја исплатиле ноемвриската плата на 2421 вработен но со состојба на 31 декември 2020 година бројката се намалила на 245 работодавци кои не ја исполниле обврската за 782 вработени. За овие 245 работодавци изготвени се опомени за неисплатена плата, а ако не ја исплатат во рок од една седмица ќе следи присилна наплата на плата со блокада на нивната сметка и пренос на трансакциските сметки невработените лица. Во ноември 351 работодавец исплатиле плата по опомената на УЈП“, истакна Лукаревска.

Од компаниите кои не исплатиле плати во ноември, 43 се од дејноста трговија на мало кои не им исплатиле на 84 вработени, 37 фирми за подготвување оброци и служење храна и не им исплатиле на 108 вработени, а 22 фирми се од транспортот кои не исплатиле плати на 127 работници. Најмногу од фирмите се од Скопје 73, потоа Тетово 22, Гостивар 10 и други, кои не исплатиле плати на своите работници.

„Сто седумдест и девет компании кои примиле финансиска поддршка, а не ја исплатиле платата за октомври, по спроведените активности на УЈП овој број намален е бројот на 17 компании кои за 41 вработен примиле финансиска поддршка од 641.206 денари. Кај овие компаниите е во тек постапка на присилна наплата на неисплатена плата од парични средства на трансакциска сметка“, појасни Лукаревска.

Директорката на УЈП информираше дека за компаниите кои не ја исплатиле платата за април, мај и јуни 2020 година, спроведена е присилна наплата за исплата на плата. Со состојба 3 декември 2020 година априлската плата сè уште не ја исплатиле 50 компании за 108 вработени, платата за мај не ја исплатиле 38 компании за 66 вработени, а за јуни 64 компании за 160 вработени. Вкупниот број компании кои не исплатиле за еден два или три месеци е 125 за кои се поставени податоци во ЈО за
поведување кривична постапка.

Листата со компании кои не ја исплатиле платата на работниците за ноември, а користат државна помош, според Лукаревска, ќе биде доставена но Генералниот секретаријат за јавна и транспарентна објава на неплаќачите.

Износот на финансиска поддршка за исплати на плати се определува врз основа на процентот на намалување на приходот и тоа во најнизок износ на финансиска помош од 14.500 денари за намален приход од 30 до 40 проценти и за намален над 80 отсто износот на финансиска поддршка е 21.776 денари.

актуелно Лукаревска Ноемвриска плата работници работодавци финансиска поддршка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.