Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Лукаревска: Погодените од кризата ќе бидат ослободени од плаќање аконтации за март, април и мај
Економија

Лукаревска: Погодените од кризата ќе бидат ослободени од плаќање аконтации за март, април и мај

април 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Правните лица кои вршат угостителска дејност, туризам и транспорт и други обврзници кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за заштита од коронавирусот ќе бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и на данокот на добивка за март, април и мај 2020 годин“а, најави денека директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска.

Таа посочи дека Владата донесе уредба за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба со која се предвидува ослобдување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за март, април и мај 2020 година, како и уредба со која се предвидува осолободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за март, април и мај 2020 година.

„Единствена цел на овие меркии е помош и поддршка да се преброди полесно овој тежок период за секој поединец и компанија кој ги трпи последиците од корона-кризата. За да го користат ова право даночните обврзници треба да не исплатуваат дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност или дргу вид годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник од денот на влегување во сила на уредбата до денот на траењето на ослободувањето, односно 15 јуни 2020 година, како и да не го намалат бројот на вработени сметано од 26 март 2020 година до три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените“, рече Лукаревска на денешната прес-конференција во Владата.

Таа посочи дека обврзниците од останатите дејности правото на ослободување од плаќање на аконтации на данокот на добивка може да го остварат доколку вкупните прходи на даноните обврзници да се намалени за најмалку 40 проценти во тековниот месец во однос на февруари 2020 година.

Покрај тоа, правото може да се оствари и доколку намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40 проценти во однос на истиот период од претходната година, како и доколу бројот на вработени кои не придонесуваат во економската активност на работодвачот заради спроведување на мерките изнесува најмалку 25 проценти од вкупниот број на вработени во февруари 2020 година или, пак, даночниот обврзник да затворил најмалку 50 проценти од продажните места преку кои го остварува прометот како подружници, продажни објекти и слично.

„Даночните обврзници го остваруваат ова право со електронско поднесување образец – барање за ослободување од плаќање на износот на аконтации на данокот на добивка -ДДОМА преку системот е даноци на УЈП. Досега до УЈП се поднесени и прфатени вкупно 370 барања“, рече Лукаревска.

Ослободувањето од плаќањето на данок на личен доход, додаде, се однесува на обврзниците кои остваруваат доход од вршење на угостителска дејност, туризам и транспорт, но и други даночни обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејност, а имаат претпрпено штети во своето работење заради спроведување на мерките за заштита од Ковид-19.

„Обврзниците кои остваруваат доход од вршење угостителска дејност, туризам и транспорт не треба да го намалат бројот на вработени сметано од 26 март 2020 година до три месеци по престанување на важноста на уредбата освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработен. Обврзниците од останатите дејности кои имаат претрпено штети во своето работење за да добијат ослободување треба да им се намалени вкупните приходи за најмалку 40 проценти во тековниот месец во однос на февруари 2020 година, или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година да изнесува повеќе од 40 проценти во однос на истиот период од претходната година или, пак, бројот на вработени кои не придонесуваат во економската активност на работодавачот заради спроведување на мерките да изнесува најмалку 25 проценти од вкупниот број на вработени во февруари 2020 година или даночниот обврзник да затворил најмалку 50 проценти од продажните места преку кои го остварува прометот“, посочи Лукаревска.

За користењето на ослободувањето, како што кажа, самовработените лица поднесуваат барање за ослободување од плаќање на износот за аконтациите на данокт на доход од вршење самостојна дејност – образец ДЛДОМА преку системот е-персонален данок на УЈП.

„УЈП овозможи автоматска обработка на поднесените барање при што обврзникот добива повратна порака за статусот на барањето. Барањето се однесува за трите месечни аконтации кумулативно – март, април и мај 2020 година и обврзниците не треба да поднесуваат барање за скоја аконтација посебно. Доколку обврзникот добие порака дека барањето е комплетно и дека е прифатено автоматски се применува ослободување од плаќање на аконтациите на данок за март, април и мај 2020 година. Доколку обврзикот има поднесено комплетно и прифатено барање сите
наредни поднсени барања ќе добијат статус на отфрлени. Доколу, пак,
направил грешка при пополнувањето поради што барањето е отфрлено треба да поднесе ново барање“, појасни Лукаревска и ги повика сите кои ги исполнуваат условите да поднесат барање до УЈП.

актуелно криза Лукаревска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.