Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Македонија ги почнува преговорите за членство во ЕУ
Македонија

Македонија ги почнува преговорите за членство во ЕУ

јули 19, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски денеска во Брисел ќе присуствува на првата Меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ. Со оваа Меѓувладина конференција, конечно по 17 години чекање, земјава официјално ги отвора преговорите за членство во ЕУ, откако прва меѓу земјите од регионот на Западниот Балкан на 9 април 2001 година во Луксембург ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација, која стапи во сила во 2004 година, а една година подоцна го доби и статусот на земја кандидат за членство во ЕУ. На Конференцијата премиерот Ковачевски отворачката изјава ќе ја прочита на македонски јазик.

Во состав на владината делегација меѓу останатите се и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министрите за надворешни и за внатрешни работи Бујар Османи и Оливер Спасовски.

Пред одржувањето на Меѓувладина конференција, премиерот Ковачевски ќе има средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Одржувањето на Меѓувладина конференција следи откако синоќа земјите членки на ЕУ се согласија да ги отворат пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија и решија официјално да ги поканат двете земји денеска да ги започнат меѓувладини конференции.

Ваквата одлука синоќа на Твитер ја потврди чешкиот премиер Петр Фиала, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, кој во објавата посочи дека Советот на Европската унија одлучи да ги започне пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија.

„Правиме важен чекор напред во приближувањето на Западен Балкан кон Европската унија. Ова е голем успех за нашето претседателство, наведе Фиала на Твитер.

Директорката во Европската служба за надворешни работи, чешката амбасадорка Едита Хрда пак оцени дека ваквата одлука претставува „навистина историски момент“.

Како што оценува ЕУ во воведната изјава за пристапните преговори, одлуката за нивно отворање не само што претставува важен чекор во односите на Северна Македонија со Унијата, туку е и јасен показател за недвосмислената поддршка на блокот за европската перспектива на Западниот Балкан.

„Вашата земја е дел од европската историја, наследство и култура и очекуваме уште повеќе да ги интензивираме нашите веќе добро воспоставени врски. Отворањето на пристапните преговори дополнително покажува дека, кога се исполнети условите, ЕУ ги исполнува своите обврски. Ја поздравуваме одлучноста на Северна Македонија да напредува во однос на реформската агенда на ЕУ и очекуваме континуирана политичка посветеност за темелно и интензивно спроведување на неопходните реформи, се додава во изјавата.

На оваа прва Меѓувладина конференција ќе биде усвоена Преговарачката рамка за членство на земјава во ЕУ со што започнува процесот на скриниг, по чие завршување и по промената на Преамбулата и на Амандманот 12 на Уставот, по автоматизам се одржува втората Меѓувалдина конференција, по која почнува процесот на преговори по кластери и поглавја. Со измените на Уставот во делот каде што се наведени „албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ…“ ќе треба да се додадат и граѓани кои се дел од други народи, каков што е бугарскиот народ.

 

Бугарската Влада, пак, веднаш по усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ за старт на преговорите, изразува подготвеност да ги повлече своите резерви за склучување на предлог договорот меѓу ЕУ и Северна Макеоднија за статусот на Фронтекс, кој ќе биде потпишан на македонски јазик.

Условувањето на одржувањето на втората Меѓувладина конференција со уставните измени, како што нагласи во неделата шефот на дипломатија Бујар Османи, е придобивката на Бугарија од компромисниот француски предлог за старт на преговорите, додека земјава ја добива одредницата за македонскиот јазик без никакви додавки, фусноти или астерикси, ставот дека историските прашања не се услов за отворање и затворање на поглавјата, како и почеток на преговорите со одржувањето првата Меѓувладина конференција.

Според Османи, земјава во текот на преговорите никогаш не се обидувала да го смени бугарскиот став за македонскиот јазик, туку да спречи тој став да стане европски. – И таа битка ја добивме затоа што во ЕУ сега и во иднина јазикот ќе биде чист без никакви квалификации, фусноти и додавки, нагласи Османи на брифингот по враќњето од Софија, каде во неделата беше потпишан Протоколот меѓу Северна Македонија и Бугарија, како билатерален документ кој произлегува од член 12 од Договор за добрососедство и не е дел од документите што се однесуваат на старот на преговорите на земјава со ЕУ.

Како што истакна премиерот Ковачевски минатата недела во обраќањето пред пратениците по Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка, таа на вистински начин ги отсликува нашите дефинирани позиции.

„Прво, јасно го прецизира македонскиот јазик како единствен, признат и прифатен јазик за Европската Унија. Тоа е тоа што го баравме. Нашата национална ДНК, македонскиот јазик, да биде службен и единствено официјален јазик. Да, со европскиот предлог, целиот процес на нашите преговори, сите милиони страници во годините што следат, заклучно со Актот за полноправно членство, ќе бидат напишани на македонски јазик. На македонски јазик ќе се зборува официјално и во Брисел и во сите европски престолнини. Тоа е најголемото достигнување, најважниот успех, истакна премиерот, додавајќи дела билатерални прашања не се дел од Преговарачката рамка, која е ослободена од ваков тип на прашања и се дефинира одржување на првата Меѓувладина конференција веднаш.

Деблокадата на нашиот европски пат беше овозможено со прифаќањето на предлогот на француското претседателство со ЕУ од 30 јуни 2022 година, од страна на Влада во саботата, откако претходно истиот ден Собранието усвови заклучоци по Информацијата за предлог-преговарачката рамка. Со заклучоците Собранието ја задолжи Владата да ги продолжи разговорите со Европската Унија, со цел да се деблокираат евроинтеграциските процеси.

 

МИА

актуелно ЕУ македонија почнување преговори членство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.