Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Македонскиот документарец „Вознемирена земја“ го отвори Сараевскиот филмски фестивал
Филм

Македонскиот документарец „Вознемирена земја“ го отвори Сараевскиот филмски фестивал

август 18, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Документарниот филм Вознемирена земја („Disturbed Earth”), чија корежисерка е Кумјана Новакова, беше еден од трите филма со кои беше отворена овогодинешната документарна програма на престижниот Сараевски филмски фестивал.

Документарецот чија проекција воедно беше и негова светска премиера, се натпреварува во две категории: во главната програма за документарни филмови и во програмата за домашни филмови, бидејќи станува збор за копродукција помеѓу Шпанија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Автори на филмот се Кумјана Новакова и Гилјермо Карерас-Канди, а снимен е во периодот од 2014 до 2020.

Документарецот е поетско – есеистичка приказна за сегашноста, но и за минатото на Сребреница.

„Сребреница е тивко место во кое минатото ја заробило сегашноста. Чекор по чекор колективната болка влегува во пејсажот, во просторот, во градот. На крајот таа влегува во нас. Сребреница станува стварност на денешницата и наша сопствена стварност“, наведува корежисерката Новакова.

Филмот вчера беше преставен и на значајниот „Доку-корнер“, кој е официјален дискурзивен дел на натпреварувачката програма во Сараево. Тоа е единствена прилика за авторите и авторките на филмовите од регионот да се запознаат и да соработуваат со други европски автори, продуценти и агенти од областа на документаристиката, каде особено внимание се посветува на човековите права.

Локалните медиуми во БиХ, препознавајќи го филмот како општествено значајно авторско делокако што наведува продуцентот, ја проследија премиерата со бројни интервјуа со авторката, а свое интервју со двајцата автори објави и една од најзначајните професионални филмски платформи „Cienuropa“.

Третата, и последна проекција на „Disturbed Earth” на Сараевскиот филмски фестивал ќе биде на 19 август, а филмот ќе ја има својата домашна премиера во текот на наредната 2022 година.

Документарецот на Сараевскиот филмски фестивал е во конкуренција за наградите: „Срце на Сараево“, „Награда за човекови права“ и „Специјална награда“.

документарец Кумјана Новаковска македонија Сараево Сребреница Фестивал Филм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ

ноември 9, 2026

УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија

ноември 3, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.