Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Макрон: Нема почеток на преговори без претходна реформа на процедурата
Македонија

Макрон: Нема почеток на преговори без претходна реформа на процедурата

декември 4, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Францускиот претседател, Емануел Макрон, по лидерскиот состанок во НАТО, на прашање на МИА зошто ги блокираше преговорите со ЕУ за Северна Македонија во октомври изјави дека не бил сам во таа одлука.

„Ја прифаќам лошата улога уште еднаш, ако сакаат луѓето да велат дека само Франција беше против, уште еднаш ќе прифатам, но Франција не беше единствена против почетокот на преговорите, одговори францускиот претседател.

Тој ја повтори позицијата на Париз дека ќе одбие секакво отворање на преговори со земји кандидати доколку претходно нема реформа на преговарачката процедура.

„Сметам дека пристапната процедура е премногу бирократска, конфузна, не е читка, не може да се сопре и не е релевантна, вклучително за засегнатите земји, прашајте ги Србите дали им се менува животот на секое отворање поглавје, мораме да ја обмислиме процедурата на постратешки начин, рече Макрон.

Макрон понатаму додаде дека „целосно ги признава постигнувањата на Северна Македонија, вклучително и промената на името“ и дека станува збор за „многу храбар потег“.

„Но, пред кое било ново отворање преговори многу експлицитно кажав дека сакам да се реформира процедурата, таа да биде реверзибилна и да овозможи диференцијација, да биде пополитичка и да биде придружена од фази на стратешки партнерства со соодветни инвестиции, објасни шефот на француската држава.

Емануел Макрон ја доведе во прашања и сигурноста на полноправното членство за земјите од регионот во ЕУ, во одговорот на прашањето на МИА во Лондон.

„Целта кон западниот Балкан ни е целосно да ги вкотвиме од европска страна, тоа е геополитичкиот предизивик, тоа вкотвување можеби поминува преку перспективата на зачленување за некои, но треба да бидеме јасни дека поминува преку фази на стратешки партнерства и инвестиции. Основа грешка што ја направивме колективно беше да сметаме дека нашиот единствен однос кон западниот Балкан е членството.

Може во даден момент да има членство. Многумина велат отворете ја процедурата, знаеме дека нема да се зачленат пред десет години…отвораме и никогаш нема да затвориме, видовме со Турција, вели Макрон.

Францускиот претседател дообјасни механизмот на ЕУ кон западниот Балкан е проширувањето, но дека тоа не е здраво.

„Го создадовме тој механизам во кој велиме нашиот однос кон западниот Балкан е проширувањето и всушност од замор одлучуваме да го сториме тоа, да отвориме и да прошириме, сметам дека тоа не е здраво и дека не си ги кажуваме работите искрено, изјави Макрон.

Тој по втор пат ги поздрави „напорите“ на Северна Македонија, како и на Албанија и оцени дека треба да се отворат „канали кон посилно и поинтензивно стратешко партнерство“ придружено од поголеми инвестиции во регионот „кои ќе го сменат животот на народот“, меѓу другото во образованието и културата.

„Пред било кое отворање на преговори процедурата мора да се направи пореверзибилна и се надевам дека ќе успееме тоа да го сториме пред самитот  во Загреб, рече Макрон.

„Сакам да бидеме јасни дека отворањето преговори нема да значи никаков автоматизам во однос на затворањето на тие преговори и сакам во позадина процедура во која повеќе инвестираме, изјави францускиот претседател.

Конечно, тој потврди дека Франција била и останува против било какво одвојување од Албанија.

„Одбивам одвојување на Албанија и Северна Македонија, тоа е прашање на рамнотежа на регионот, лошо е да се одвојат, смртоносна одлука ќе беше ако отворевме со Северна Македонија, а не Албанија, порача Макрон.

Тој им упати порака и на другите земји членки на ЕУ во однос на иднината на проширувањето и рече дека нема да прифати ниедна нова земја членка во ЕУ доколку претходно не се реформира процесот на консензуално одлучување и не се воведе поголема стапка на одлучување преку квалификувано мнозинство. Друг услов ќе биде земјите на ЕУ да прифатат дека не може секоја земја членка да има свој комесар во Европската Комисија.

актуелно Макрон преговори реформа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.