Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Манчевски: Дигитална трансформација на административните процеси и услуги во 2020
Политика

Манчевски: Дигитална трансформација на административните процеси и услуги во 2020

ноември 28, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Фокусот на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) следната година ќе биде во дигиталната трансформација на административните процеси и услуги, преку што ги спојуваме најважните процеси: реформата на јавната
администрација и дигитализацијата“, најави ресорниот министер Дамјан Манчевски.

Тој денеска го претстави Предлог буџетот на МИОА за следната година кој ќе изнесува 1.520.100.000 денари.

Најголемиот дел од овие пари,1.200.000.000 денари се одвојуваат за финасирање на МРТВ, Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, што е пракса веќе трета година по укинувањето на радиодифузната такса.

„На овој начин овие три институции добиваат редовни и предвидливи средства со што имаат можност долгорочно да ја планираат својата работа и програмата. Уредувачката политика на националната радиотелевизија е автономна и независна“, рече Манчевски
на прес-конференција во Владата.

Според него, на почетокот на следната година ќе бидат видливи резултатите од ИПА проектот за целосна реорганизација на поставеноста на институциите, а во фаза на евалуација на понудите е ИПА проектот од 4,5 милиони евра со кој ќе се дигитализираат клучните регистри за граѓаните и бизнисите и ќе се развијат дополнителни 120 нови електронски услуги кои ќе се нудат преку Националниот портал за еуслуги.

„На крајот на 2020, Северна Македонија ќе биде масовно дигитализирана земја, со огромен исчекор на ова поле“, рече Манчевски и најави дека до крај на годинава ќе биде пуштен во употреба Националниот портал за еуслуги и воведувањето на систем за електронска идентификација, а за негово одржување, надградба и модернизација се предвидени пари во буџетот на МИОА за 2020.

Од 1 јануари следната година треба да почне примената на системот за електронско управување на документи, кој, укажа ресорниот министер, е важен за професионализација на јавната администрација и со којшто таа треба да заборави на користење хартијата.

Пет илјади административни службеници во најмалку 20 институции ќе работат на единствен систем за електронско управување со документи, што понатаму ќе се шири и во други институции.

Во 2020 година, според најавите, ќе се модернизира и надградува информацискиот систем за управување со човечки ресурси.

„Со зголемување и подобрување на функционалностите системот ќе ги обезбедува во реално време сите податоци за вработените во јавната администрација. Ова е основа и за голем број на анализи, како и за креирање на политики согласно потребите на институциите. И ова досега беше голем проблем“, рече Манчевски.

Тој потсети дека со новиот Закон за инспекциски служби, којшто стапува во сила на почетокот на следниот месец се менува целосно концептот на вршење инспекции.

Опомената се воведува како мерка пред казнувањето.

Следната година во буџетот е предвидено финансирање на софтвер за еинспекторати, со кој значително ќе се олесни и ќе стане поефикасна работата на инспекторатите.

Манчевски најави дека следната година МИОА ќе се приклучи и на програмата ИСА 2 на ЕУ со која се поддржува развојот на дигитални решенија за јавната администрација, бизнисот и граѓаните во Европа.

актуелно дигитална трансформација манчевски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.