Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Маричиќ: Времето на „недопирливите“ е завршено
Македонија

Маричиќ: Времето на „недопирливите“ е завршено

декември 24, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Времето на „нашите“ или „вашите“ е завршено, а филтрацијата треба да препознае дали некој судија или обвинител работел во интерес на правдата или за нечиј бизнис интерес, изјави во интервју за „Дојче веле“ го кажа министерот за правда Бојан
Маричиќ.

Според него, токму преку процесот на филтрацијата на судството и обвинителството ќе се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем.

– Важно е да се спомене дека Судскиот совет е институцијата која ќе ја спроведе филтрацијата во судството. Сведоци сме на чести одложувања на рочиштата, пред сè, на оние за висока корупција и организиран криминал, а на тоа реагира и јавноста.

Целта на филтрацијата е да се направи длабинска проверка на работата на судиите од повеќе аспекти, меѓу кои и неоправдано одложување на рочиштата. Ќе се проверува и непочитувањето или прекршувањето на законските рочишта, застарување на гонење, односно извршување на санкции во кривичните предмети, како и евентуални неправилни одлуки или приговори за застареност од странките, рече Маричиќ.

Вели дека проверката ќе ја прават тричлени комисии, а ќе има и критериуми во изборот на тоа кои предмети ќе бидат анализирани.

– Изборот кои предмети ќе се проверуваат ќе се прави по неколку критериуми, но и по случаен избор. Пред сè, се работи за предмети кои предизвикале интерес кај јавноста, предмети за кој има сомнеж дека не се постапувало согласно законот, предмети кои застареле или се пред застарување, стечајни предмети, предмети за кои е пропишана казна доживотен затвор и други, рече министерот, додавајќи дека сите детали во однос на оваа методологија ќе бидат објавени на специјална тематска прес-конференција, следниот вторник, на 29 декември.

Во интервјуто Маричиќ потенцираше дека судиите и обвинителите ја имаат клучната улога да воспостават еднаквост пред законот, а грижа на Министерството е да обезбеди услови тој систем ќе функционира непристрасно и на ист начин за сите, без разлика на статусот во општеството или финансиската моќ.

актуелно време завршено Маричиќ недопирливи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.