„Граничниот премин Прохор Пчински утре од 7:00 часот ќе биде затворен за патници и возила согласно насоките од Владата на Република Србија, а во врска со Ковид 19“, информира МВР.
„Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин Пелинце ќе се пренасочуваат на заедничкиот граничен премин Табановце-Прешево“, соопшти МВР.







