Министерството за здравство во однос на информациите дека кај добитокот во делови од државава се појавила заразата антракс, соопшти дека нема заболени граѓани од антракс.
Ситуацијата внимателно се следи и се постапува високо стручно по најсовремени светски протоколи.
„Преземени се сите потребни мерки за превенција со профилакса од антракс“, стои во соопштението на Министерството.







