Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Министерство за култура: Одлуките за субвенции на МРТВ се незаконски
Култура

Министерство за култура: Одлуките за субвенции на МРТВ се незаконски

јануари 13, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за култура ја информира јавноста дека по добивањето на одлуките на МРТВ по објавен Конкурс според Законот за поддршка на домашната музичка продукција, уште денес упати инспекциски надзор, којшто констатираше дека се длабоко пробиени роковите за носење на овие одлуки и согласно тоа, овие одлуки треба да бидат поништени…

Од страна на инспекцискиот надзор, раководството на МРТВ беше предупредено дека се соочува со кривична одговорност поради овие незаконски донесени одлуки, со кои се создава штета по Буџетот и кои претставуваат злоупотреба и несовесно работење во службата. Исто така, раководството на МРТВ беше предупредено дека склучувањето на договори со авторите по овие одлуки ќе предизвика дополнително кршење на законот и нови основи за кривична одговорност.

Министерството, по целосно завршување на инспекцискиот надзор, ќе ги извести сите надлежни органи да постапуваат во рамките на нивните надлежности во врска со овие незаконски одлуки.

Исто така, ја известуваме јавноста дека Министерството не само што ги оспорува овие одлуки и во никој случај нема да одобри исплата на средства за избраните композиции, туку дека започна да врши ретроактивна детална проверка на претходните конкурси, за кои добивме сознанија и индиции за крупни неправилности. Од првичниот увид во документацијата и начинот на спроведување на легислативата, воочени се повеќе прекршувања.

Едно од најфлагрантните прекршувања се однесува на членот 20 точка 1 од Законот за поддршка на домашната музичка продукција, каде што се вели дека директорот на ЈП МРТ по предлог на комисијата во рок од три дена сметани од денот на доставувањето на предлогот на Комисијата, донесува одлуки за избор на изведувачите односно композициите кои се прифатени на конкурсот и изведувачи и композиции кои се одбиени на конкурсот. Извештајот на комисијата бр 20 – 1975/5 за вториот квартален конкурс, како што се гледа и од самата одлука на директорот на МРТ, бил доставен до него на 19 септември 2017-та, на што според законот директорот требал да одлучува во рок од три дена. Самиот факт дека оваа одлука е донесена на 5 јануари годинава јасно упатува на направениот прекршок на легислативата.

Исто прекршување е направено и за конкурсот од третиот квартал – Комисијата го доставила до директорот Извештајот бр.20-5821/3 на 4 декември 2017-та, а одлуката е објавена исто така на 5 јануари 2018-та, односно повеќе од еден месец подоцна, а не во рок од три дена како што пропишува законот. Во самата одлука од третиот квартал се констатира од самата МРТ дека при спроведувањето на конкурсот имало недоследности и во однос на документацијата, а поради пробивање на рокови некои автори со истите песни конкурирале на двата конкурси и добиле средства.

Потоа, увидено е дека одредени членови на комисиите не ги исполнувале условите предвидени со законот за да бидат избрани. Имено, според член 15, точка 5г од Законот за поддршка на домашната музичка продукција, кој ги определува критериумите за избор на членови на комисиите за овие конкурси, се вели дека во комисиите членуваат и музички уредници кои треба да имаат работно искуство на таа позиција од најмалку 5 години. Праксата покажа нешто спротивно – дека во комисијата како музички уредници биле делегирани и избрани луѓе кои воопшто во својата кариера не работеле на таа позиција.

Освен тоа, според член 2, точка два од овој Закон, изведувач е пејач или група што ја изведува композицијата. Сепак, овој член во минатото не бил почитуван, бидејќи на конкурсот како изведувачи се јавувале автори на композициите, што не е конкурирање во соодветна категорија. Сепак, на некои автори им било овозможено да добиваат пари и преку категоријата „изведувачи“, а некои други за истата причина биле одбивани од конкурсот.

Освен тоа, во член 13 точка 6 од Законот се вели дека еден изведувач може да конкурира во една категорија со неограничен број композиции. Во праксата, увидени се повеќе случаи каде што еден изведувач конкурира и добива средства во повеќе категории во рамки на ист конкурс.

Во однос на членот 18 кој се однесува на судирот на интереси, во минатото се детектирани случаи на конфликт на интереси, коишто не биле соодветно адресирани. На пример, имало случаи каде што сопружници биле членови на комисија, која доделила средства на група во која членува син на тие членови на комисијата.

Со оваа настаната ситуација уште еднаш се покажа колку бил штетен овој закон, кој постојано создавал долгови по буџетот на граѓаните, бил спроведуван на несоодветен начин и со неправилности, а воопшто не ги постигна декларираните ефекти, ниту пак придонесе за зголемување на квалитетот, развој на музичката индустрија и поголема присутност на домашните артисти на нашите медиуми, туку се претвори во алатка за клиентелизам и за купување послушност на музичките уметници.

договори јп Комисија конкурс култура министерство МРТ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Зимското сметање на времето годинава, според одлуката на Европската комисија ќе почне на 25 октомври

октомври 2, 2026

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.