Единаесет лица загинаа кога туристички брод поради силна бура се превртиу во езеро во американската сојузна држава Мисури, соопштија локалните власти на САД, пренесе агенцијата АП.
На бродот биле 31 лице од кои се седум повредено и префрлени во болница, информираат официјални лица и додаваат дека нуркачка екипа е ангажирана во потрага по исчезнатите.
Несреќата се случи на југот на Мисури, на границата со државата Арканзас, за време на бурата која, според изјави на очевидци, се појавила одеднаш, пренесе агенцијата Франс прес.
„Долго живеам тука, но не сум видел таква бура“, изјавил еден од локалните жители и додал дека метеоролошката служба не издала предупредување дека ќе дојде до силно невреме.







