Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицотакис: Преспанскиот договор е “екстремно проблематичен“ за Грција
Македонија

Мицотакис: Преспанскиот договор е “екстремно проблематичен“ за Грција

мај 2, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лидерот на грчката опозициска Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, во интервју за белгискиот весник “Ле Соар“ вели дека доколку неговата партија дојде на власт во Грција ќе се бори за “ублажување“ на последиците од Преспанскиот договор, кој го смета за штетен за неговата земја, јави дописничката на МИА од Брисел.

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија смета дека договорот со Северна Македонија е “екстремно проблематичен за Грција“ затоа што “меѓу другото тој признава македонски јазик и македонска националност“.

„Со тоа се потхранува иредентизмот и национализмот во чувствителниот балкански регион, објаснува Мицотакис во интервјуто.

Поради тоа, вели шефот на Нова Демократија, “тој е проблематичен и токму поради тоа во Нова Демократија сметаме дека е многу лош договор за Грција“ и додава дека “огромното мнозинство Грци се против“ договорот.

„Ќе се бориме мирно и одговорно за да ги ублажиме последиците, кои се сериозно негативни, од овој договор и да ја заштитиме нашата земја од опасности кои ги носи, затоа и нема да се откажеме од нашето право на вето за пристапувањето на соседната држава во Европската Унија, вели Мицотакис на прашање за неговиот став за договорот со кој се реши долгогодишниот спор меѓу двете земји.

Во интервјуто, Мицотакис вели дека има целосна доверба во кандидатот на Европската Народна Партија, Манфред Вебер, да ја води идната Европска Комисија.

„Знам дека под идниот европски состав ќе имаме во Европската Комисија некој кој ќе ги разбира грчките позиции, вели Мицотакис на прашањето дали е чувствително во Грција да се даде поддршка на германски кандидат и тврди дека со него ќе може повторно да преговара за условите на планот за економски спас на Грција.

Шефот на Нова Демократија е уверен дека со Манфред Вебер на чело на идната Европска Комисија ќе се покаже поголема флексибилност кон Грција, но признава дека единствена точка на несогласување со кандидатот за претседател на европската десница се преговорите за членство во ЕУ со Турција. Мицотакис смета дека не треба да се стави крај на процесот со Анкара, додека Вебер смета дека треба да се прекинат преговорите со оваа земја.

актуелно Грција преспанска договор проблематичен
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.