Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МОЛК ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО: Ништо не кажуваме за нападот, се ќе покаже истрагата
Македонија

МОЛК ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО: Ништо не кажуваме за нападот, се ќе покаже истрагата

февруари 22, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Две недели по хакерскиот напад врз системот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), сè уште нема одговор на најважните прашања – кој стои зад нападот, каква штета е предизвикана со него, дали се безбедни податоците на граѓаните и дали хакерите барале и им биле исплатени пари за да го вратат системот во функција?

Надлежните велат дека е во тек истрага, по што ќе може да се лоцира одговорноста за случајот.

На истражните органи им е доставена и прелиминарна анализа за нападот којшто го парализираше фондот 14 дена и ја сопре исплатата на плати во здравството и надоместоци за граѓаните.

Директорката на Фондот, Магдалена Филиповска Грашкоска, на денешната прес-конференција со новинарите тврдеше дека податоците на граѓаните се безбедни и дека во ниту еден момент не биле загрозени.

„Нашата примарна грижа беше граѓаните да не претпрпат штета – тоа беше најважно и мислам дека успеавме во тоа“, вели Грашкоска.

Системот полека се враќа во функција, со што се нормализираше и исплатата на платите и средствата за породилно и боледувањата.

Хакерскиот напад се случи на 7 февруари, непосредно пред да се стави во функција новата заштита од сајбер напади.

Надлежните најавуваат дека се преземаат дополните мерки за заштита на податоците и за нивна миграција во најскоро време, со цел да се спречат вакви напади во иднина.

Како нападнатиот систем повторно е вратен во функција и дали се исплатени пари на хакерите засега останува непознато.

„Не смеам да кажам дали некој ни побара откуп од страна на хакерите. Отворена е истрага и за ова не смеам да коментирам“, вели Грашкоска.

Во јавноста беше пуштена информација дека хакерите за да ги вратат податоците наводно барале поголема сума пари, а премиерот Димитар Ковачевски објаснуваше дека станува збор за напад со „ransomware“ и дека тоа е дел од хибридна војна која се води моментално во Европа.

На вакви напади беа изложени голем број институции во голем број држави особено членките на НАТО.

За да се врати системот во функција помош беше побарана и од странски експерти.

Анализата на експертските технички тимови покажала дека при сајбер нападот немало излевање на податоци надвор од базите на Фондот.

Надлежните се децидни дека податоците на корисниците на здравствени услуги вклучително и личните податоци се безбедни и заштитени и дека нема неовластено преземање на личните податоци.

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор: „Дојче Веле“)

актуелно здравство напад откуп хакери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.