Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МПЦ-OA: Предложените закони се „диктатура на малцинска група“
Македонија

МПЦ-OA: Предложените закони се „диктатура на малцинска група“

јуни 28, 2023Updated:јуни 28, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Светиот архиерејски Синод на МПЦ Охридска епископија на вчерашната прес-конференција упати апел за учество на сенародниот собор што ќе се одржи в четврток во знак на протест поради игнорантскиот однос на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на Законот за измени во матична евиденција и Предлог законот за родова еднаквост којшто се подготвува да влезе во процедура.

„И покрај сериозното спротивставување и сосема аргументираните забелешки за содржината на двата закони како црква имаме впечаток дека се инсистира да се продолжи постапката и законите да станат официјални, формални законски решенија во нашето општество со целокупната нивна содржина, изјави епископот Јаков Стобиски.

Тој потенцира дека овој собир што го организира МПЦ не е насочен против никого, туку е насочен исклучиво против содржината на овие предлог закони.

„Ние образложивме во повеќе наврати и во самото соопштение, експлицитно изразуваме протест против новиот контекст што му се дава на поимот род, против родовата компонента која што е застапена во Предлог законот за родова еднаквост и се користи, се злоупотребува на уште поексплицитен начин во Предлог законот за матична евиденција, којшто предвидува промена на ознака за пол при изјава која што би се базира на субјективни индивидуални чувства на поединецот. Ја користам оваа можност да го повикаме допопнително народот за присуство заради тоа што овој протестен рефлекс што црквата го пројавува, сосема погрешно се интерпретира во јавноста, анализирајќи се и перцепцирајќи ја црквата единствено како институција. Црквата е многу повеќе, црквата е жив организам составен од конкретни луѓе, од заедница која што има вредносен систем кој е апсолутен контрас, апсолутно спротивен на она што ни го нудат и што се закануваат да го донесат овие два предлог закони во нашето општество, но и во црквата“, вели епископот.

Тој го повтори ставот на црквата дека овие закони сериозно ќе го загрозат правото на вероисповест, заради тоа што не само што ќе се редефинира целокупното општество туку, нагласува, ќе се ограничи слободата на говор со оној член којшто се однесува на родова сензитивниот јазик.

Епископот Јаков Стобиски, воедно потенцира дека како црква се оградуваат однапред од каква било злоупотреба во некакви свои цели на овој собир, на овој протест, бидејќи, вели, тој е насочен исклучиво против содржината на овие закони.

„Не поддржуваме никаков говор на омраза, и никакво скандирање и повикуваме на мирни протести. Едноставно да кажеме ‘не’. Нашиот собир значи дека не се согласуваме со вакви предлог законски решенија во таква форма“, вели епископот.

Црквата, истакна, веќе учествувала во јавната дебата за посочените закони и ќе продолжи да учествува, а има и свои предлози.

„Црквата е и мора да остане своевиден коректив на совеста на општеството. И токму заради тоа се бориме. Никој нема право да ни го забрани тоа. Што се однесува до одлуката на Извршниот одбор на СДСМ, таа е за поздравување, иако тоа е партиска одлука. Сега се на потег сите механизми на Владата и да видиме Владата како ќе се произнесе“, вели епископот.

Тој појасни дека МПЦ не е против остварувањето на нечии права туку сметаат дека она што е спорно во овие закони е дека тие може ќе придонесат за поголемо остварување на нечии права, на поединци или на групи, но тоа, вели, сериозно би ги загрозило правата на мнозинството, на 99 проценти од населението во државава.

„Тоа е диктатура на сметка на остварување на нечии права да се остваруваат права, нема да речам на малцинска група, затоа што во очите на Бог само една човечка душа има вредност колку сиот свет“, рече епископот Јаков.

Појаснувајќи ги заблешеките на двата закона, тој кажа дека „сме изманипулирани, излажани заради тоа што родот како атрибут на полот, како социјален конструкт на полот не го одвојуваме од полот, и аналогно на тоа ако има два пола има два рода“.

„Овие закони ни носат еден конструкт чудовишна можност, отвораат една пандорина кутија секој ден да излегуваат разно разни родови и секој да биде што ќе посака.  Знаете тоа е нешто на што не сме навикнати, не го сакаме и не го прифаќаме. Во демократско општество, процесот на градење на законите, мора да зрее и да се обликува паралелно со менталниот склоп и со потребата, но и со подготвеноста на еден народ, на една заедница  да ги прифати промените. Тука чувствуваме дека сериозно се врши насилство врз  нас, на волјата на народот. И да не се обидува никој овој импут, овој коректив, овој рефлекс бунтовен што црквата го испраќа во општеството, да се спинува, и да се става во некаков поинаков контекст. Импулсот на црквата, рефлексот на црквата е рефлекс на 99 проценти од овој народ. Не само верните чеда на МПЦ, ние се знаеме меѓусебно, туку и на браќата муслимани протестанти, Евреи и на другите верски заедници, на другите етникуми коишто живеат овде. Ние сме мала земја се знаеме. Знаеме дека ова не е наша реалности не сакаме да биде. Тоа е целта  на протестот“, порача епископот Јаков.

Очекува собирот да биде поддржан од сите верски заедници во земјава.

„Тука сме едногласни во духот на соопштението коешто е доставен до сите медиуми. Поддршката од останатите верски заедници е апсолутна и се надеваме на нивното присуство“, вели претставникот на МПЦ.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор/Фото: МИА)

актуелно говор мп-ЦОА омраза
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.