Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Муижниекс: Македонското општество останува длабоко поделено
Во Фокусот

Муижниекс: Македонското општество останува длабоко поделено

февруари 3, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонските власти треба да спроведат политики што поттикнуваат интеграција и разбирање меѓу етничките заедници и да промовираат социјална кохезија, истовремено штитејќи ја разновидноста. Ова на прес-конференција го истакна комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Муижниекс, кој е во петдневна посета на Македонија.

Според него, Охридскиот рамковен договор ставил крај на конфликтот во 2001 година и довел до промени во одредени области-правична застапеност на заедниците, децентрализација и употреба на јазиците, но социјална кохезија не е постигната.

„Македонското општество останува длабоко поделено по етнички и јазични основи и крајно време е политичките лидери да осмислат стратегија за интеграција за надминување на овие поделби – смета комесарот за човекови права.

Севкупната атмосфера во однос на човековите права во Македонија, според Муижниекс, е позитивна, а Владата испраќа многу пораки за инклузивност.

Според него, децата во Македонија доцна почнуваат да ги учат јазиците на другите заедници. Апелираше да се разработат посистемски и долгорочни политики за да се одбегне сепарацијата меѓу децата од различни етнички заедници во образованиот систем.

„Сите деца да научат македонски јазик, а истото да важи и за другите немнозински јазици во областите каде ваквите групи живеат во значителен број – истакна Муижниекс.

Министерката за образование и наука Рената Дескоска пак, во врска со тепачката меѓу две групи малолетници смета дека и нцидентите меѓу младите се резултат на градење атмосфера на нетрпеливост, на национализам и меѓуетничка омраза што, како што рече, беше секојдневие во минатото и поттикнувано од највисоките државни функционери.

„Сегашната Влада се обидува да го промовира и до го рашири концептот живот за сите, заедничко живеење на сите етнички заедници – нагласи Дескоска.

Таа укажа дека учењето на младите на толеранција и соживот меѓу различностите е и една од мерките во Стратегијата за образование 2018-2025 која беше усвоена во вторникот на седница на Владата.

Појасни дека во концептот на наставните програми ќе бидат внесувани елементи за запознавање на различностите, мултиетничката компонента ќе биде внесена и во учебниците и во наставните планови, а за градење соживот ќе се обезбедуваат и просторни услови, односно сите ученици да учат во исти училишни згради.

Покрај меѓуетничката интеграција, Стратегијата за образование има активности кои ги опфаќаат сите компоненти на образовниот процес – предучилишно, основно, средно, високо образование и доживотно учење, кои се структурирани во периодот од 2018 до 2025. Некои компоненти, рече Дескоска, се однесуваат на сите образовни нивоа, како на пример обезбедувањето еднаков пристап до образование за сите, вклучувајќи ги децата со посебни потреби, како и подигнувањето на квалитетот на образованието.

Во средното образование внимание му се посветува на стручното, кое, рече министерката, во изминатиот период беше маргинализирано и ставено настрана.

Целта е средното стручно образование да се поврзе со бизнис-заедницата со цел да се создадат наставни планови кои ќе соодветствуваат на потребите на пазарот на трудот.

актуелно Влада на РМ Дескоска деца Европа македонија македонски јазик Совет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.