Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » На границата со Мексико никнува џиновски ѕид
Некатегоризирано

На границата со Мексико никнува џиновски ѕид

јануари 25, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека денес може да нареди изградба на ѕид на границата со Мексико, а следните денови се очекува дека ќе потпише неколку извршни наредби кои се однесуваат на имиграцијата и безбедноста на границата.

„Во план е голем ден за националната безбедност. Меѓу многуте работи, ќе изградиме ѕид“, објави вчеравечер Трамп на Твитер, пренесе Би-Би-Си.

Изградбата на 3.218 километри долг ѕид долж границата со Мексико е едно од главните ветувања на Трамп во текот на кампањата.

„Њујорк тајмс“ објави дека Трамп оваа недела би можел да нареди и забрана за издавање на визи на лицата од Сирија и другите исламски земји кои се потенцијални жаришта на тероризмот.

Ограничувањата што се однесуваат на миграцијата ќе се однесуваат, како што се очекува, на седум афрички и блискоисточни земји, вклучувајќи ги Сирија, Јемен и Ирак.

Трамп уште ги разгледува деталите на плановите за ограничување на доаѓање на бегалци во САД.

Сегашниот предлог предвидува најмалку четиримесечен прекин на прифаќање на бегалци, како и времена забрана за луѓе од некои муслимански земји, според наводите на претставник на организација за јавна политика кој ги следи прашањата за бегалците.

Во кампањата Трамп зборуваше дека ќе ја заостри американската миграциска политика, вклучувајќи и јакнење на граничната безбедност и запирање на приливот на бегалци.

Тој, исто така, се залагаше за запирање на влез на државјани од муслимански земји во САД но подоцна го смени ставот и рече дека ќе се концентрира на контролата на оние кои доаѓаат од земјите поврзани со тероризам.

Се очекува, меѓу останатото, дека ќе најави планови за намалување на финансирањето на градовите кои не ги апсат или не ги притвораат мигрантите кои живеат илегално во САД, што би можело да значи милиони долари помалку за одделни градски управи.

Би можело да има исклучоци за запирање на приливот на мигранти за оние кои бегаат од верско гонење ако нивната вера е малцинска во нивната земја. Тоа би можело да се однесува на христијаните во земјите населени главно со муслиманско население.

Хуманитарните организации и организациите за миграција веројатно ќе бидат гневни поради овие мерки.

Брдо укази за само неколку дена

Новиот претседател на САД за само неколку дена донесе дури над 20 важни одлуки, почнувајќи така да ги исполнува своите предизборни ветувања.

Откако ја превзеде федералната влада, администрацијата на Трамп предаде указ против Законот за здравствено осигурување (прочуениот „Обамакер“, на кој претходникот на Трамп е толку горд).

Ова се некои од најважните чекори кои ги превзеде администрацијата на Трамп:

– Го превзедоа водењето на федералната Влада
– Потпишан е указ против Законот за здравствено осигурување, Обамакер, за кој во текот на кампањата вети дека ќе го укине
– Трамп им нареди на агенциите да ги замрзнат новите прописи, за да може неговата администрација да ги прегледа
– Доби зелено светло од Министерството за правда неговиот зет, Џаред Кушнер, да ја превземе улогата на специјален советник во Белата куќа
– Трамп ги отпушти сите амбасадори кои ги именуваше администрацијата на Обама, без подготвени замени
– Се состанал со луѓето од ЦИА, обраќајќи им се на вработените, кога ги превзеде и нуклеарните кодови
– Новиот претседател разговараше со мексиканскиот претседател и најави нивна средба за крајот на јануари
– Трамп разговараше со канадскиот премиер за економските врски на тие две врсти
– Најави состаноци со лидерите од мексико и Канада како почеток на новите преговори за НАФТА (Северноамериканска спогодба за слободна трговија)
– Најави прва средба со странски лидер, британската премиерка Тереза Меј, која ќе се случи во петок
– Почна со разговори за преместување на американската амбасада во Израел, од Тел Авив во Ерусалим
– Се соочи со првата државна катастрофа како претседател на држава, со смртоносни бури и урагани кои дивееја во американската држава Џорџија
– Му наредил на Државниот парк да не твитаат, откако тие ја поставиле фотографијата која ги споредува инаугурациите на Обама и Трамп.
– Ја подигна тензијата во Ирак, кога изрази жалење што не ја превземале нафтата во таа држава, велејќи: Требаше да ја задржиме нафтата. Можеби би имале втора шанса“.

актуелно бегалци Доналд Трамп ѕид мексико миграција Обамакер САД
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.