Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » На „Пепелиште“ отворен летен воен кампус
Македонија

На „Пепелиште“ отворен летен воен кампус

јуни 27, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Центарот за обука „Пепелиште“ кај Неготино денеска почна 8. меѓународен високообразовен одбранбено-безбедносен проект „Летен Кампус 2017“.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на отворањето на кампусот порача дека тој е пример за заедничката регионална и мултилатерална соработка и за партнерствата кои ја дефинираат нашата заедничка безбедност и иднина.

„Споделените вредности помеѓу нашите држави мораме постојано да ги унапредуваме и негуваме бидејќи само така ќе ги оствариме нашите заеднички цели и успешно ќе се справиме со современите безбедносни предизвици“, истакна  министерката  Шекеринска.

Пред 116-те учесници на Кампусот кои доаѓаат од 12 земји, министерката посочи дека тој е пример за регионална соработка и партнерство, и оти е уникатен проект на кој своите знаења и искуства ќе ги споделат професори и експерти од САД, Велика Британија, Германија, Чешка и Македонија.

Според Шекеринска, Македонија континуирано вложува ресурси во унапредувањето на интероперабилноста на вооружените сили и развојот на регионалната соработка. – Без луѓе, без кадри и без знаење не е можно да се оди напред, а ова го вклучува и одбранбениот сектор и нашата Армија.

„Денешната инвестиција е инвестиција во сопствените сили, во капацитетите, во идните генерации, но и во соработката со нашите традиционални партнери“, рече Шекеринска, истакнувајќи дека Министерството максимално посветено работи на унапредувањето на капацитетите и условите за обука – армискиот полигон „Криволак’ денес ги задоволува сите услови за обука на највисоко ниво и е отворен за армиите на нашите партнери.

Како што наведе деканот на Воената академија полковник Орце Поповски, во наредните две недели, учесниците на Кампусот ќе соработуваат, ќе учат и ќе вежбаат заедно, за да можат еден ден да застанат рамо до рамо во поддршка на регионалниот и глобалниот мир. Кампусот, истакна полковник Поповски, е посветен на 100-годишнината од Дојранската битка во Првата светска војна, мигрантската криза на јужната граница и бројните културни активности и презентации.

Оваа година Летниот кампус се разликува од претходните, по тоа што фокусот е ставен на академската елаборација на различни теми, но со иста цел – воспоставување моќна мрежа на идните офицери и нивна подготовка за идна интероперабилност и соработка.

актуелно германија Пепелиште словенија Чешка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.