Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор

јуни 10, 2026

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Над милион денари приход имале над 24 илјади граѓани, меѓу нив и 15-годишник
Економија

Над милион денари приход имале над 24 илјади граѓани, меѓу нив и 15-годишник

март 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Над 24 илјади граѓани во земјава годишно заработуваат над еден милион денари, а бројката на оние кои оствариле бруто приходи од 100 илјади до еден милион денари е половина милион. Најмладиот милионер во земјава има само 15 години, а со доход над еден милион денари е и 98-годишно лице. Скопјанец е на листата со највисоки годишни приходи, а највисоката плата е исплатена во здравствениот сектор.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на прес-конфернција денеска информираше дека за 2017 година вкупно 455.915 лица поднеле годишна даночна пријава во која пријавиле 192.150.172.035 денари годишни бруто приходи и 11.618.491.776 денари персонален данок.

Над еден милион денари бруто приходи според поднесените годишни даночни пријави имале 24.524 лица.

Највисоки приходи пријавени во годишната даночна пријава има скопјанец во износ од 212 милиони денари што е највисок годишен бруто приход во земјава. Втор на листата со остварени 207.587.649 денари е исто така од Скопје. На листата со највисоки приходи е и граѓанин од Струга со остварени 135.137.869 денари и од Битола со остварени 92.922.049 денари.

Во 2017 година, според податоците презентирани денеска на прес-конференција, највисоката годишна бруто плата изнесува 167.687.011 денари исплатена во секторот здравство. Според висината на платата следат трговија, производство на фармацевтски производи и препарати, компјутерско програмирање, трговија на големо со производи од тутун, производствона фабрикувани метални производи, производство на печки и горилници, специјалистичка медицинска пракса спортски менаџмент и изградба на станбени и нестанбени објекти.

Највисоката остварена капитална добивка изнесува 43.973.500 денари пријавена од страна на граѓанин од Прилеп, додека по основ на дивиденди и други приходи од учество во добивката пријавил граѓанин од Скопје.

Од продажба на сопствени земјоделски производи во 2017 година во износ од 5.726.269 пријавил граѓанин од Скопје.

од издавање земјиште, станови, деловни простории, превозни средства и друг вид имот најголем приход пријавил, исто така обрзник од Скопје со 52.119.889 денари, додека од авторски права и индустриска сопственост највисокиот приход е 32.786.556 денари пријавена од обврзник од Скопје.

Пензионери со највисоки дополнителни приходи, покрај пензијата, пријавиле битолчанец со вкупни бруто приходи од 55.559.568 и скопјанец со пријавени 53.174.184 денари.

Само од пензија највисоки годишни бруто приходи има скопјанец во износ од 5.728.934 денари.

Најмладото лице кое заработило над еден милион денари приход има младо лице од 15 години, кое ги остварило средствата од интернет услуги.

Со реформата што ја воведе Управата за јавни приходи од годинава граѓаните не поднесуваат годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи, туку УЈП ќе ги достави електронски на даночните обврзници кои претходно се регистрираа на електронскиот систем.

Управата за јавни приходи ќе почне да ги доставува претпополнетите годишни даночни пријави од 1 април на корисничките профили на даночните обврзници. На е-маил адрестата корисникот ќе добие нотификација дека е испратена претпополнетата годишна даночна пријава, која ќе треба да ја потврди или коригира.

Одговорајќи на новинарски прашања директорката Лукаревска соопшти дека УЈП прави анализи за да се добие генерална слика за работење на верските заедници во земјава.

Појасни дека врз основа на закон сега верските заедници не подлежат на фискализација и дека за тоа имало иницијативи и претходно, но оти за тоа треба да се заземе став и да се направат консултации со Министерството за финансии.

Лукаревска потенцира дека ќе може да се фискализираат доколку се стават во една законска рамка, а дека согласно сегашните законски прописи верските заедници се даночат по повеќе основи, дека поднесуваат завршна сметка и дека плаќаат данок на добивка.

актуелно граѓани приход
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор

јуни 10, 2026

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.