Во напад со беспилотни летала погодени се неколку згради во Москва, при што е забележана „мала“ штета и немало сериозни повредени, изјави денеска рано утрово градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин.
“Сите итни служби од градот се на местото на настанот“, истакна Собјанин.
Руската државна новинска агенција РИА извести дека се евакуираат некои жители на зградата на улицата „Профсојузнаја“ во јужниот дел на Москва.
Неколку руски канали на Телеграм за размена на пораки објавија дека на приодите кон градот биле соборени четири до десет дронови.
(Фото: ТАСС)







