Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Направената штета во МНТ е 3.965 евра, за Заев поголема е духовната
Македонија

Направената штета во МНТ е 3.965 евра, за Заев поголема е духовната

ноември 28, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вкупната материјална штета направена во Македонскиот народен театар од навивачката група „Шверцери“ е 3. 965 евра, утврдила надлежната комисија.

„Штетата мора да се надомести, а ќе се утврди и одговорното лице кое ќе ја плати. Но, треба да се понесе одговорност за духовната штета што е направена“, истакна премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница на која се поставуваат пратенички прашања, меѓу кои и за случувањата во МНТ.

Заев информира дека го добил записникот од комисијата, но не успеал да го прочита бидејќи, како што рече, синоќа доцна се вратил од Босна и Херцеговина.

Инаку, бил откорнат тапацирот на пет столици во вредност од 125 евра, откорнати биле и ногарки од столици 150 парчиња во вредност од 250 евра, уништен парапет на прва галерија во делот на украсни лајсни и тоа 10 и други два метри, во вредност од 240 евра.

Уништени биле и орнаменти, бурдури во вредност од 200 евра, како и искршени пет подни светилки, теписони со дупки од отпушоци во вредност од 400 евра.

„Живееме и работиме за младите луѓе и тие се нашата иднина. Не смееме да дозволиме материјалните добра што се на сите, но и духовните добра што оваа земја ги има создадено да бидат допрени, оштетени и на кој било начин омаловажени. Реакцијата што се случи од јавноста е духовната болка. Она што го видовме на снимките беше причина за сериозната реакција што се јави во јавноста. Верувам дека тука има поединечни одговорности, ќе се утврдат и ќе соопштиме на јавноста“, рече Заев, додавајќи дека не сака да прави калкулации околу тоа што се случило, кој бил виновен или слично.

Потенцира дека реагирале и тој и неговата партија, но и многу други политички партии заради тоа што е направена поголема штета, а тоа е духовната.

„Дали се тоа млади или повозрасни луѓе, националниот театар е отворен за сите и треба сите да го користат, но се знае под како околности и во какви услови“, апелираше Заев.

Премиерот Заев меѓу другото потсети дека тој бил присутен на одбележувањето на Денот на албанската азбука во МНТ во првиот дел, по што во 20.30 часот заминал.

МНТ штета
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат

мај 22, 2026

Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали

мај 21, 2026

ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра

мај 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.