Се обележува нова хоризонтална и вертикална сигнализација на улиците во населбата Лисиче во Општина Аеродром.
– Сигнализацијата ги опфаќа споредните улици, каде што се поставуваат и нови знаци, а целта е да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Општина Аеродром неодамна постави нова хоризонтална и вертикална сигнализација со која се воведе еднонасочен режим на улицата „Бојмија“ во населбата Острово во правец кон Железничката станица, соопштуваат од општинската прес-служба.
Воведувањето на новиот сообраќаен режим, посочуваат од општината, ќе придонесе да се намали сообраќајниот метеж, а со тоа, како што велат, да се зголеми и безбедноста на сите учесници во сообраќајот што е еден од приоритетите на Општина Аеродром.






