Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нова средба Димитров- Коѕијас, оптимизам во двете земји, но и црвени линии
Во Фокусот

Нова средба Димитров- Коѕијас, оптимизам во двете земји, но и црвени линии

јануари 11, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 

Продолжува позитивната клима и во Македонија и во Грција во однос на решавањето на спорот за името и втората рунда преговори по нивното обновување, која е закажана за 17 јануари во Њујорк.

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска ќе имаат уште една средба, што вчера беше потврдено од двете министерства, но времето и локацијата не беа соопштени.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи синоќа во емисијата 24 Анализа изјави дека средбата меѓу Димитров и Коѕијас најверојатно ќе се одржи во Грција.

Во грчките новинарски кругови се шпекулира дека средбата меѓу шефовите на дипломатиите најверојатно ќе се одржи во Солун, но засега потврда за ова нема од министерствата за надворешни работи на двете земји.

Во моментов постои консензус терминот Македонија да се најде во која било варијанта за решавање на спорот со Грција за името, изјави синоќа  Османи.

Тој нагласи дека грчките власти прифаќаат име во кое би бил содржан терминот Македонија. Кусо по завчерашните средби со неговите домаќини Коѕијас и Јоргос Катругалос, Османи објасни дека проблемот со името освен што ја блокира евро-атлантската перспектива на Македонија, претставува пречка и за билатерална соработка.

Тој, исто како и во изјавите за медиумите по средбите, така и за грчката телевизија „Антена“, во однос на написите во медиумите за името „Нова Македонија“ како можно решение, вели дека сѐ уште не е стигнато до таа фаза за да се разговара за конкретни предлози.

Портпаролот на грчката Влада Димитрис Цанакопулос ги демантира шпекулациите на медиумите на албански јазик дека е постигнат напредок во спорот околу името и дека е договорено Македонија да го промени името во „Република Нова Македонија“, објави грчкиот весник „Катимерини“.

– Не сме заинтересирани за многубројните шпекулации во врска со преговорите за името, туку да продолжиме со преговорите на сериозен начин, за да можеме да дојдеме до решение во наредните неколку месеци за проблемот, кој не следи 25 години – рече Цанакопулос.

И портпатолот на македонската Влада вчера излезе со став во однос на можните решенија.

Владата во овој момент не сака да навлегува во конкретни и суштински расправи во однос на преговорите за името, но како што посочи вчера нејзиниот портпарол Миле Бошњаковски, се оди кон тоа дека постои можно решение кое би одговарало на двете страни.

– Во овој момент не би навлегувале во конкретни, специфични и суштински расправи во однос на преговорите за името, но она што е очигледно и што е јасно е дека климата е исклучително подобрена и во Република Македонија и во Република Грција и се оди кон тоа, како што неодамна најави премиерот, дека постои можно решение кое би одговарало на двете страни – изјави Бошњаковски.

Во меѓувреме, со став за прашањето за името се огласи и Грчката православна црква. Архиепископот на Атина и цела Грција Јероним, изјави дека прашањето за Македонија е национално прашање и не може да ја остави индиферентна Грчката црква. Светиот синод на Грчката православна црква по дводневната седница, го повтори ставот дека не прифаќа терминот Македонија или било каков друг изведен збор да биде вклучен во името. Смета дека името на државата ќе има влијание и врз името на македонската црква.

Независни Грци, коалицискиот партнер во Владата на Ципрас, остануваат на нивниот став дека не се согласуваат со употребата на терминот „Македонија“ во името на нашата земја. Оваа позиција уште еднаш ја повтори и потврди портпаролката на партијата, Мадалена Пападопулу, во интервју за радиото 24/7.

Опозициската грчка Нова демократија, пак, вчера ги изнесе црвените линии во преговорите. Партијата постави три предуслови пред Македонија, сложено име со географска одредница, име за сите и за севкупна употреба (ерга омнес) и откажување од секакви иредентистички изјави или пракси од страна на Скопје.

Говорејќи пред партиските членови кои се одговорни за различни сектори, Кирјакос Мицотакис, според грчката новинска агенција АНА-МПА, ги претставил црвените линии на партијата и рекол дека Нова демократија нема да прифати решение само за името, доколку не се исполнат и другите критериуми.

 

актуелно Грција македонија Никола Димитров Никос Коѕијас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.