Американскиот претседател Трамп и неговиот руски колега Путин се сретнале два пати на Самитот Г20, во Хамбург, а не еднаш како што досега се зборуваше.
Белата куќа ја потврди втората средба но не кажа некакви други детали, освен дека средбата траела околу еден час и дека не неа присуствувал само службениот преведувач на рускиот претседател.
Соопштението на Белата куќа следеше откако „Вашингтон пост“ откри дека во Хамбург имало и втора средба за која никој досега не знаеше.
Средбата се случила за време на оброк во текот на Самитот.
Весникот наведува дека Трамп станал од своето место и седнал на празниот стол до рускиот претседател. На средбата меѓу двајцата претседатели бил присутен само официјалниот преведувач на Кремљ. Не се знае за што разговарале двајцата претседатели.
На нивната прва средба на маргините на годинешниот Самит Г20, Трамп и Путин меѓу другото разговараа и за сомнежите во Вашингтон за руското мешање во америиканските претседателски избори минатата година.
Оваа средба во Хамбург е прва средба на претседателите на САД и Русија и таа се случи во време кога во Америка во тек е формална истрага за контактите и соработката на Русија и тимот на Трамп во текот на минатата изборна кампања.







