За убави и здрави нокти неопходни се правилна и редовна грижа и исхрана. Врз основа на нивниот изглед можете да откриете дали во организмот ви недостасуваат минерали и витамини.
* Кршливоста и сувоста често се последица од недостаток на витамин А и калциум. За да ги надоместите овој минерал и витамин, потребно е често да јадете морков, тиква и млечни производи.
* Ако ноктите ви се свиткуваат надолу, најверојатно постои недостаток на фолна киселина, протеини и витамин Ц. За надополнување на сите овие состојки неопходно е да јадете соја, месо, спанаќ, пиперки и киви.
* Вертикалните бели линии можат да се јават поради слаба апсорција на минерали и витамини, но и поради намалено количество на витаминот Б12 и железо. За отстранување на овој проблем препорачливо е грицкање на суво грозје и конзумирање на пивски квасец.
* Белите точки укажуваат дека нема доволно калциум и цинк, заради што би требало да внесувате млечни производи и спанаќ.







