Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Објавена листата на обуки за ИТ-вештини и нивни даватели, може да аплицираат млади до 29 години
Во Фокусот

Објавена листата на обуки за ИТ-вештини и нивни даватели, може да аплицираат млади до 29 години

јули 20, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Дигиталниот форум ја состави Листата на даватели на обуки за дигитални вештини и обуки за дигитални вештини согласно со Уредбата со законска сила за издавање ваучери за млади лица за обуки за дигитални вештини заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот за време на вонредна состојба.

Листата е објавена на веб-страницата на Министерството за образование и наука кое на 28 јуни го објави Повикот за изразување интерес за запишување во Листата на даватели на обуки за дигитални вештини и обуки за дигитални вештини.

Согласно со третиот сет економски мерки, Владата донесе Уредба за доделување ваучери за млади лица за обука за дигитални вештини во вредност од 30.000 денари.

Ваучерите ќе покријат дел од трошоците за ИТ-обуките кои ќе бидат од најосновни до најнапредни дигитални вештини и програмирање.

Вкупниот буџет е 150 милиони денари.

Правните лица кои беа заинтересирани за давање обуки за дигитални вештини можеа да се пријават на повикот на МОН.

Тие кои се пријавиле, како и видот на обуките што ги понудиле, се селектирани од Дигитален форум–независно тело со претставници од универзитети со ИКТ-студии, четирите стопански комори, ИКТ-експерти и двајца претставници од Владата.

Целта е јавноста да биде сигурна дека селекцијата на обуките ќе биде транспарентна и согласно со потребите на пазарот на трудот.

Дигиталниот форум ја утврди листата на даватели на обуки за дигитални
вештини, како и самите обуки.

Листата е објавена од МОН и младите лица самите ќе го изберат видот на обука и правното лице што ќе ги обучува, согласно со нивните потреби и знаења.

Како што минатиот месец на прес-конференција соопштија министрите за образование и наука и за информатичко општество и администрација, Арбер Адеми и Дамјан Манчевски, право на пријавување ќе имаат млади до 29 години со најмалку завршено средно образование.

Ќе се пријавуваат преку порталот uslugi.gov.mk почнувајќи од 19 јули.

Ќе добијат електронски ваучер во вредност од 30.000 денари кој потоа ќе
можат да го искористат кај некој од понудувачите на обуките од утврдената листа.

Ваучерите за ИТ-обуки треба да им помогнат на младите да ги подобрат своите дигитални вештини со што ќе станат и поконкурентни на пазарот на трудот и брзо да најдат работа.

„Се одлучивме за овој чекор со цел да им помоигнеме на младите лица за справување со последиците од економско-здравствената криза, но и да бидат конкурентни за работни места на кои платите се повисоки и поради евидентниот недостиг на ИТ-кадар. Пандемијата со КОВИД-19 донесе нови правила на работа и неопходно е сите да се приспособиме на тоа. Дигиталната трансформација и вештини се наметнаа како неопходни како никогаш претходно“, рече Манчевски.

При селекцијата на даватели на обуки се земени предвид соодветноста на предложените обуки, а од друга страна истражувањата за потребите од дигитални вештини на пазарот на трудот.

Постапката за аплицирање на фирмите, на граѓаните и употребата на ваучерите е целосно електронска.

Покрај ваучерите за ИТ-вештини наменети за млади лица, Владата минатиот месец донесе и две уредби за финансиска поддршка на средношколци и студенти од семејства со ниски примања, од 3.000 односно до 6.000 денари.

актуелно ИТ-вештини обуки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.