Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов информира дека била настаната техничка грешка при упатувањето покана до градоначалникот на општина Струмица за присуство на прославата на државниот празник Илинден.
Од Кабинетот се извинуваат за настанатиот превид на протоколарните служби и информираат „до Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија“ е испратена покана за негово присуство.
Реакцијата е одговор на пишувањата на медиумите дека поканата за прослава на Илинден, наместо на адреса на премиерот Заев, е испратена на адреса на градоначалникот Заев, иако тој одамна не ја врши таа функција.







